Георгиески:Сите јавни претпријатија ги зголемија... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 14 март 2019
konge1q.jpgВршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски  во изјава за  медиумите се осврна на извештаите за работата на Секторите на општината , општинскиот буџет за 2018 година и негова реализација  како и завршните  сметки и извештаите за работата на јавните претпријатија ,кои беа точки на дневен ред на денешната  25 Седница на Советот на  општина Охрид.

Прво ќе се осврнам по однос на извештаите за работата  на секторите во општината и остварувањето на буџетот коешто е поголемо за 9 % во  споредба со 2017, поточно 86, 5 милиони денари .Во однос на забелешките кои ги изнесе координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков , точно е дека остварувањето на буџетот во Програмата  за комунални дејности улици и патишта  е пониско од планираното, меѓутоа тоа е резултат на тоа што не се оствари делот од буџетот којшто беше на товар на општина Охрид по однос на асфалтирање на улицата „Абас Емин“. Станува збор за проект којшто е врзан со Министерство за транспорт и врски затоа што 600 илјади евра се обезбедени од Европска Банка за обнова и развој  коишто покриваат комплетна изработка  на атмосферска, фекална канализација и водоводна мрежа. Тој проект неколку месеци беше заглавен во службите на Министерството за транспорт и врски   во однос на консултанските забелешки кои ги имаа консултантите ангажирани од министерството. Ние вршевме перманентна комуникација со нив, направивме некои корекции во предмет пресметките кои беа од технички аспект. Сето тоа е завршено и очекуваме Министерство за  транспорт и врски за таа ставка  деновиве да го распише тендерот  и конечно да започне  реконструкцијата на улицата „Абас Емин“. Асфалтирањето ќе биде на товар на општината. Токму затоа е низок процентот на остварувања во тој дел- истакна в.д градоначалникот Георгиевски кој е согласен дека треба да се креира буџет определен од реалните можности на општината.

Буџетот којшто го искреиравме за 2019 година е таков, а буџетот којшто го донесовме во 2018 година беше подготвен од претходната администрација затоа што ние дојдовме во општина во месец ноември, а буџет не се прави  за два месеци. Така што остварувањето на буџетот е ниско поради тоа што истиот не го подготвувавме ние- подвлече Георгиевски и се осврна на  финансиските извештаи  и работењето на јавните претпријатија во Охрид за 2018 година. 

Декларативните изјави се едно, а бројките се  немилосрдни и вистинити. Таксативно и со бројки ќе ги наведам завршните сметки на јавните претпријатија.  ЈП „Градски гробишта“ во 2017 година остварило загуба од 2 милиони  908 илјади денари. Оваа година тоа јавно претпријатие е во добивка од 2 милиони и 206 илјади  427  денари.ЈП „Водовод “- Охрид во 2017 година било со загуба од 36 милиони  235 илјади денари, четири неисплатени плати , здравствено осигурување на вработените  и огромни долгови. Во 2018 година загубата е само 3 милиони 660 илјади денари или разликата е од фрапантни 32 милиони 575 денари во плус. МЈП „Проаква “- Струга во 2017 година  е во загуба од 58 милиони 717 денари, а во 2018 година добивка од 15 милиони 570 денари или во плус 74 милиони  287 илјади денари. ЈП „Градски Пазар “  во 2017 година  има добивка од 1 милион  416 денари, а загуба во 2018  година од 1 милион  689 илјади и 151 денар. Овдека е интересно тоа што приходите од редовното работење на ова јавно претпријатие се зголемени од 7 милиони 916  денари на 9 милиони 237 денари. Загубата се должи на тоа што во 2017 година  од страна на приватниот партнер во однос на изградба на новиот пазар еднократно е исплатена сума од скоро 5 милиони денари и на тоа се должи добивката во 2017 година. Доколку би имале таква исплата и  во 2018 година   тогаш добивката на  ова јавно претпријатие би била поголема отколку  во 2017 , затоа што приходите  во таа  година се поголеми во однос на претходната. ЈП „Охридски Комуналец“ во 2017 година имало добивка од 14 милиони 448 илјади  208 денари , оваа година добивка од 17 милиони 842 илјади 357 денари  и да не заборавиме дека ова јавно претпријатие оваа година доживеа ренесанса во опремување и модернизација со нови машини, возила и помошна механизација. Приходите во ова јавно претпријатие во 2017 година биле 129 милиони 505 илјади , а оваа година се 140 милиони денари. ЈП „Билјанини извори “ во  2017 година остварило приходи 23 милиони 568 денари , а годинава 36 милиони 602 илјади 390 денари. Разликата е од 13 милиони денари во плус . Загубата на ова претпријатие  во 2017 година била 7 милиони 453 илјади 719  денари, а добивката оваа година е 3 милиони 492 илјади 986 денари.  На ЈП „Нискоградба“  во 2017 година приходите биле 55 милиони 772 илјади 259 денари , а во 2018 година приходите се 60 милиони 262 илјади 719 денари, што значи дека за 8% се зголемени приходите. Овде бележиме загуба на претпријатието затоа што имаме отпис на побарувања од правни лица  за изминатите 6 години  којшто не бил направен во период од 2010 до 2015 година, а  е во износ од 971 илјада денари. Во ова претпријатие имало и исплаќање на отпремнини од 600 илјади денари и смртни случаи . Токму поради овие причини настанала загубата на ова претпријатие од 1 милион и 500 денари.    Може да констатираме дека во 2018 година сите јавни претпријатија ги зголемиле приходите , намалени се трошоците и сите работат во одлична кондиција- истакна  в. д градоначалникот Георгиевски и посочи дека во моментов по налог и со финансиска помош  на општина Охрид  екипи на ЈП „Охридски Комуналец „ го чистат  просторот кај  некогашната касарна „Михајло Апостолски“ кој простор  години наназад никој не го расчистил како и тоа дека  сработеното  и зголемените приходи во последната 2018 година е доволен доказ дека јавните претпријатија се извлекуваат од финансиската криза која ја стекнале во претходните неколку години.
Последни измени ( четврток, 14 март 2019 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Ванеса Меј го отвора годинешново Охридско лето

ohridskopres1qd.jpgMега популарната виолинистка, светски славната Британка Ванеса Меј, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Читај повеќе...
 
Одбележан Денот на пожарникарите
sve1d.jpgГрадоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска присутвуваше на пригодната свеченост во охридската Противпожарна станица по повод 20-ти мај Денот на пожарникарите.
Читај повеќе...
 
Тепачки во Охрид и во Струга

nasilie1q.jpgВчера во 14 часот, во близина на Авто кампот ,,Ливадиште“ кај Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.К.( 68) од Струга врз Р.С.(38) од селото Радожда. Тој се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга. Напаѓачот М.К. е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.

 

Денес во 01 часот и 40 минути, во близина на угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.Џ.(19) врз В.К.(19), двајцата од Охрид.

Во видно алкохолизирана состојба, Е.Џ. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 
Нова песна на Папаз и Даз-"Знам"
papaz1q.jpgПрвиот сингл "Разбуди се", на Горан Папаз и Даз Флоу беше вистинско освежување на македонската музичка сцена во 2011-та кој се искачи на врвот на македонските топ листи.
Читај повеќе...
 
Да и' помогнеме на малат Мила да замине на операција ...
на 3-ти јуни, 2019 (понеделник) со почеток во 21 часот, на плажата "Куба " ќе се одржи голем хуманитарен концерт за нашата Мила Димоска од Охрид.
На концертот ќе настапуваат следниве изведувачи:
Ѓоко Танески,
Дамјан Пејчиновски,
Петар Марковски,
Јова Куцин и
The Backdoor Band.
mila1we.jpgМила Димоска од Охрид има 2 години и боледува од дистрофија (оштетување на мозокот).
По две успешни операции во Кина потребна е и трета операција што е можно поскоро за нејзиниот напредок да продолжи.
Читај повеќе...
 
Охриѓанец на Фејсбук ширел расистички и...

fejs1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид.  

Читај повеќе...
 
Штраусовиот "Лилјак" на плоштадот во Охрид
maturska200t.jpgСо танц на музика од штраусовата опера „Лилјакот“, околу 400 матуранти од  четирите  охридски средни училишни центри на плоштадот „Св. Климент Охридски“  се вклучија во манифестација „Матурска парада 2019“.
Читај повеќе...
 
"Бисера" објви конкурс за најубаво уреден двор и...
dvor1w.jpgПо повод Денот на Екологијата 05 Јуни, Женскиот Центар "Бисера"- Охрид објавува конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.

Читај повеќе...
 
Охриѓанец го "опремил" домот со пиротехника
petardi1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.С.(32) од Охрид.
Читај повеќе...
 
Одбележан денот на пчелата
dennapcelata1q.jpgСо словенечки доручек, во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца, денес, беше одбележан Светскиот ден на пчелата. Настанот беше во организација на Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, и почесниот конзул на Република Словенија, Шенол Ислам.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive