Повеќемина уапсени за сообраќајната несреќа кај Ласка |
|
|
|
четврток, 14 март 2019 |
Уапсени се седум лица за автобуската несреќа кај селото Ласкарци што се
случи на 13 февруари и во која загинаа 15 патници. Осомничени за тешки
дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се
сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, управителот на фирмата,
возачот, три лица кои работеле во фирмата која правела технички преглед
на автобусот и едно лица кое издавало потврда дека автобусот е исправен,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам
Како што кажа шефот на Основното јавно обвинителство Скопје Сашо
Рајчев причина за сообраќајната несреќа е неисправност на кочниците на
автобусот и брзината со која возел шоферот, а била над дозволената од 80
километри на час.
„Од денот на несреќата до денес се води интензивна истражна постапка.
Истрагата покажа дека сопирачките биле неисправни и иако тоа било
увидено на техничкиот преглед во јули 2018 година му било дадена дозвола
за работа. Истото и покрај неправилностите било направено и при
техничкиот прием во декември 2018. Дополнително е утврдено дека е
манипулирано со тахографот со што не се покажувала реалната брзина на
возење. Возачот тој ден возел со 99 километри на час. За возила над 3
тони дозволена брзина е 80 километри на час. Автобусот е тежок 15 тони.
Неисправноста на кочниците и големата брзина се причина за
сообраќајката“, рече Рајчев.
Рајчев рече дека истрагата утврдила дека возачот во еден момент
поради големата брзина изгубил контрола и излетал од автопатот. Пробал
да закочи кога удрил во оградата на автопатот, но поради неисправност на
кочниците и големата брзина не успеал и поради тоа паднал во
провалијата.
Сите седум лица се наоѓаат во полициска станица. Денеска ќе бидат
изведени пред судија на претходна постапка. Обвинителството ќе бара
мерка притвор за 6 лица односно за возачот, сопственикот и управителот
на „Дурмо Турс“ и за лицата вработени во фирмата за технички преглед на
автобусот. За лицето кога дало потврда за исправност на возилото ќе се
бара мерка претпазливост.
|