Светски ден на бубрегот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 14 март 2019

svetski1q.jpgСветскиот ден на бубрегот / World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на здравјето на бубрезите. WKD во светски рамки е заеднички организиран од страна на Меѓународните здруженија ISN и IFKF, a во Македонија Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН во соработка со стручните професионални здруженија на лекари и медицински сестри како и учество на одговорни личности во сегментот на здравството со подршка на медиумите, традиционално се приклучува во глобалната светска мрежа на организации кои го одбележуваат денот.

 Хроничната бубрежна болест е значаен светски јавно-здравствен проблем.

 Во 2019 година Светскиот ден на бубрезите промовира достапен и правичен пристап до здравствена заштита, превенција и третман на болестите на бубрезите ЗА СЕКОГО И СЕКАДЕ.

 Во четврток на 14 Март Светскиот ден на бубрегот ќе се одбележи по 14-ти пат од страна на милиони луѓе ширум светот, со цел да се подигне глобалната свест за важноста на здравјето на бубрезите врз целокупното здравје на човекот.

 Хроничната бубрежна болест ХББ зафаќа околу 850 милиони луѓе ширум светот и во моментов е 6-та водечка причина за глобална смртност. 3,5 милиони луѓе во светот страдаат од хронични бубрежни заболнувања во 5-тиот стадиум и за нив е неопходно да се обебзеди третман со дијализа (хемодијализа или перитонеална дијализа) или трансплантација на бубрег.  Помеѓу 2,3 и 7,1 милион луѓе во светот прерано умираат поради недостаток на пристап до дијализа и трансплантација, односно третмани за лекување на бубрежните болести.

 Во многу земји третманите за болестите на бубрезите често се недостапни, меѓу другото и поради високите финансиски трошоци, недостаток на инфрастуктура и специјализирани здравствени работници. Некои земји немаат обезбедени стратегии и третмани за управување со хроничните болести на бубрезите, а во повеќе од половина од земјите каде има стратегии нема воспоставено управување по упатства и стратегии за подобрување на грижата за болните со ХББ.

 За состојбата со ХББ во Р.Македонија, во 12:00ч во Хотел "Вила Парк" Струмица претставници на Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН ќе дадат свои изјави за медиумите.

  

Хроничната бубрежна болест е тивок убиец.... Во раните стадиуми бубрежната болест нема никави знаци и симптоми. Човекот може да изгуби и до 90% од функцијата на бубрезите без да почувствува некаков симптом. Но, бубрежната болест може да се открие со едноставни тестови –тест на урината (проверка на протеини во урина) или тест на крвта (проверка на нивото на креатинин).

 

Проверете дали сте во групите со ризик да развијат ХББ?

 

-          Дали имате Висок крвен притисок?

-          Дали имате дијабет?

-          Дали во Вашата фамилија има/ло бубрежни болни?

-          Дали имате висока телесна тежина?

-          Дали пушите?

-          Дали сте на возраст над 50 години ?

-          Дали потекнувате од подрачје каде познавате повеќе од 5 луѓе кои одат на дијализа ?

*** Ако одговоривте со ДА на 2 или повеќе од овие прашања, советувајте се со вашиот матичен лекар за здравјето на Вашите бубрези?

 

     

8        ЗЛАТНИ ПРАВИЛА кои го намалуваат ризикот од ХББ ?

1.      Бидете активни и вежбајте

2.        Редовно контролирајте го шеќерот во крвта

3.      Мерете и регулирајте го крвниот притисок

4.      Хранете се здраво и контролирајте ја вашата телесна тежина

5.      Пијте доволно течности, особено вода

6.        Не пушете

7.       Не земајте лекови на своја рака

8.       Редовно проверувајте ја функцијата на Вашите бубрези барем еднаш годишно

    

                                                           Здружение на бубрежно болни  граѓани НЕФРОН Скопје

                                                                                                             Претседател м-р  Душко Ѓорѓиев

Последни измени ( четврток, 14 март 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive