Светски ден на бубрегот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 14 март 2019

svetski1q.jpgСветскиот ден на бубрегот / World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на здравјето на бубрезите. WKD во светски рамки е заеднички организиран од страна на Меѓународните здруженија ISN и IFKF, a во Македонија Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН во соработка со стручните професионални здруженија на лекари и медицински сестри како и учество на одговорни личности во сегментот на здравството со подршка на медиумите, традиционално се приклучува во глобалната светска мрежа на организации кои го одбележуваат денот.

 Хроничната бубрежна болест е значаен светски јавно-здравствен проблем.

 Во 2019 година Светскиот ден на бубрезите промовира достапен и правичен пристап до здравствена заштита, превенција и третман на болестите на бубрезите ЗА СЕКОГО И СЕКАДЕ.

 Во четврток на 14 Март Светскиот ден на бубрегот ќе се одбележи по 14-ти пат од страна на милиони луѓе ширум светот, со цел да се подигне глобалната свест за важноста на здравјето на бубрезите врз целокупното здравје на човекот.

 Хроничната бубрежна болест ХББ зафаќа околу 850 милиони луѓе ширум светот и во моментов е 6-та водечка причина за глобална смртност. 3,5 милиони луѓе во светот страдаат од хронични бубрежни заболнувања во 5-тиот стадиум и за нив е неопходно да се обебзеди третман со дијализа (хемодијализа или перитонеална дијализа) или трансплантација на бубрег.  Помеѓу 2,3 и 7,1 милион луѓе во светот прерано умираат поради недостаток на пристап до дијализа и трансплантација, односно третмани за лекување на бубрежните болести.

 Во многу земји третманите за болестите на бубрезите често се недостапни, меѓу другото и поради високите финансиски трошоци, недостаток на инфрастуктура и специјализирани здравствени работници. Некои земји немаат обезбедени стратегии и третмани за управување со хроничните болести на бубрезите, а во повеќе од половина од земјите каде има стратегии нема воспоставено управување по упатства и стратегии за подобрување на грижата за болните со ХББ.

 За состојбата со ХББ во Р.Македонија, во 12:00ч во Хотел "Вила Парк" Струмица претставници на Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН ќе дадат свои изјави за медиумите.

  

Хроничната бубрежна болест е тивок убиец.... Во раните стадиуми бубрежната болест нема никави знаци и симптоми. Човекот може да изгуби и до 90% од функцијата на бубрезите без да почувствува некаков симптом. Но, бубрежната болест може да се открие со едноставни тестови –тест на урината (проверка на протеини во урина) или тест на крвта (проверка на нивото на креатинин).

 

Проверете дали сте во групите со ризик да развијат ХББ?

 

-          Дали имате Висок крвен притисок?

-          Дали имате дијабет?

-          Дали во Вашата фамилија има/ло бубрежни болни?

-          Дали имате висока телесна тежина?

-          Дали пушите?

-          Дали сте на возраст над 50 години ?

-          Дали потекнувате од подрачје каде познавате повеќе од 5 луѓе кои одат на дијализа ?

*** Ако одговоривте со ДА на 2 или повеќе од овие прашања, советувајте се со вашиот матичен лекар за здравјето на Вашите бубрези?

 

     

8        ЗЛАТНИ ПРАВИЛА кои го намалуваат ризикот од ХББ ?

1.      Бидете активни и вежбајте

2.        Редовно контролирајте го шеќерот во крвта

3.      Мерете и регулирајте го крвниот притисок

4.      Хранете се здраво и контролирајте ја вашата телесна тежина

5.      Пијте доволно течности, особено вода

6.        Не пушете

7.       Не земајте лекови на своја рака

8.       Редовно проверувајте ја функцијата на Вашите бубрези барем еднаш годишно

    

                                                           Здружение на бубрежно болни  граѓани НЕФРОН Скопје

                                                                                                             Претседател м-р  Душко Ѓорѓиев

Последни измени ( четврток, 14 март 2019 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Петкоска:Болницата три месеци нема ленти за мерење...

lidija1we.jpg-Не можеме, а да не потсетиме дека откако со СДСМ „дојде животот“ во Охрид и Република Македонија, не само што нема правда и мир, туку нема ни Ж од живот, и тоа од оној - Живот за сите!,кажа на почетокот од денешната прес конверенција Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


Читај повеќе...
 
Георгиески со учесниците на спортските...
sportskik1.jpgВршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, ги посети учесниците на спортските училишни лиги, што се играат во балон салата кај ОУ „Григор Прличев“.
Читај повеќе...
 
Во Охрид нападнат е полицаец

svroohrid2q.jpgНа осумнаесетти март оваа година околу 18 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, при преземање мерки од областа на безбедбноста, полициски службеник бил физички нападнат  од З.Ј.(53) од Охрид.

Читај повеќе...
 
Полицијата и шумската полиција ќе ги фаќа пироманите
trs2w.jpgПо зачестените пожари, кои речиси станаа секојдневие, посебно на крајбрежјето, СВР Охрид ќе презема зајакнати мерки на превентивен и репресивен план и ќе ги лови пироманите кои досега останаа неоткриени.
Читај повеќе...
 
Пендароски и Силјаноска меѓу охриѓани
izbori1ee.jpgКандидатите за претседател на државава Стево Пендароски и Гордана Силјаноска-Давкова викендов престојуваа во Охрид и во рамките на предизборната  кампања се сретнаа со охриѓани.Со нив беа и кандидатите за градоначалници.
Читај повеќе...
 
Воспоставена авиолинија Охрид-Малме
malme1q.jpgНа охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, денес, е воспоставена авиолинија Малме – Охрид – Малме. Првите 118 патници од новата редовна линија, ги пречекаа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, в.д. градоначалникот, Константин Георгиески, Неџат Курт од ТАВ Македонија и претставници на општина Струга.
Читај повеќе...
 
"ПОЕН" штапски ќе функционира
poenr1.jpgПартијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“ е партија со либерал- демократска и социјал-демократскапровиненција, која се бори за поголема демократичност во општеството, економски развој и интензивни рурални политики, владеење на правото, развој на мултикултурното општество и интеркултурализмот, слобода на говорот, социјална кохезија, и општествена правда. Токму поради ваквото политичко позиционирање, Партијата е ранлива од етно-национализмот, кој се појавувацентрифугално и центрипетално.
Читај повеќе...
 
Скопјанец изел ќотек во центарот на Охрид
svroohrid2q.jpgНа седумнаесетти март  во 20 часот и 20 минути, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од Б.П.(25) од Охрид врз С.Д.(21) од Скопје. 
Читај повеќе...
 
Се чисти зарастената стара касарна,дали се ...
kasarna100ks.jpgДеновиве "Охридски комуналец" го расчистуваше просторот на некогашната касарна,која зарасна во трева,џбунови.Дали тоа е и најава за префрлање на полицијата и пожарната во овој објект за што се говори со години?!
Читај повеќе...
 
Тепачка кај Автобуска во Охрид,еден заврши во болница
avtobuska1q.jpgНа шеснаесетти март оваа година во 14 часот и 10 минути, во угостителски објект лоциран на улицата „Кленоец“ кај автобуска станица во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу И.Б.(50) од една и Д.Б.(71) и Љ.С.(54) од друга страна, од Охрид. И.Б. е пренесен во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive