Југозападен плански регион:Идентификација на... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 12 февруари 2019
jugozapaden45.jpgНиз три форумски расправи, со партиципативно учество на  значајните, засегнати, страни од ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, во текот на месецов, се очекува да  биде развиен проект од тематските области туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија во чија реализација ќе бидат инвестирани 112.000 швајцарски франци.

Согласно правилата, проектот треба да се реализира кај најмалку три општини од Регионот, и истиот треба да содржи инфраструктурни мерки со кои ќе биде разрешен, или ублажен, одреден проблем од споменатите тематски области, а  со кои се соочуваат, пред се, единиците на локалната самоуправа. Проектот, чиј носител е Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, е поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

 

Идејата е, преку регионалните форуми, учесниците да идентификуваат проектни идеи, од кои подоцна ќе се развијат 5 проектни концепти, што ќе бидат доставени на разгледување до Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, кој ќе избере 3 за аплицирање до Грантовата шема. Откако Комисијата за евалуација, од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, ќе одобри еден од трите доставени концепти, Центарот започнува со процесот на подготовка на предлог-проект, што треба да биде завршен до крајот на месец октомври. 

Форумските сесии започнуваат утре, среда, со почеток во 11 часот, во хотелот "Дрим" во Струга и ќе се одржат последователно на 20 и 27 февруари. Последната сесија планирана за првата половина на ноември ќе биде посветена на анализа на постигнатите  резултати и ефекти од непосредно реализираниот проект.   

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive