Охридските ротаријанци донираа компјутерска опрема PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 12 февруари 2019
rotarijanci1eek.jpgРотари Клубот од Охрид, вчера донираше компјутерска опрема на Основното училиште ,, Братство Единство ,, (Крст-Џамија) наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.

 

Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето.

 

 

“Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои имаат посебни образовни потреби, односно донирана беше таква опремата од која што училиштето имаше потреба и која е наменета и посебно прилагодена токму за овие деца, се со цел да може да придонесе во нивното полесно и побрзо совладување на образовниот материјал”,вели секретарот на Клубот Драган Здравески.

 

Оваа донација е дел во низата на донации од годишната програма на Ротари Клубот “Охрид “која е посветена на помагање на институции и организации кои работат со деца со посебни интелектуални, физички и образовни потреби во нашиот град и околината.

 rotarijanci1ee.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Благодарни сме на директорот на училиштето и дефектологот кои ни овозможија да дадеме еден скромен придонес во нивната институција, а воедно со ова сакаме да ја покренеме колективната свест на нашето општество и да стимулираме конкретни активности кон конкретни групи на кои и најмалото внимание им е од огромно значење во остварувањето на нивните секојдневни потреби”,порача охридскиот ротаријанец Драган Здравески.

 

Последни измени ( вторник, 12 февруари 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive