ВМРО обвинува за предизорни партиски вработувања PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 09 февруари 2019

bozinos1q.jpg-СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат чиста изборна корупција и поткуп на гласачи,кажа на денешната прес  конференција портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид Перчо Божиноски.

-На денот кога се распишаа претседателските и локалните избори се случува брутална партизација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран. Масовното вработување во јавните претпријатија непосредно пред локалните избори го имавме минатиот месец со 70 вработувања, а сега со над 25 нови во ЈП „Проаква“ и над 15 нови во другите јавни претпријатија.

Георгиески да одговори дали заедно со директорите спроведуваат брутална партизација во јавните претпријатија?

СДСМ и Георгиески пред да дојдат на власт кажуваа дека администрацијата и јавните претпријатија се преполни. Ветуваа дека нема да има партиски вработувања, туку еднаков пристап на секој граѓанин до секое работно место, за сега да гледаме како администрацијата и јавните претпријатија се полнат со партиски лица од СДСМ.

Кога лажеа повеќе, тогаш кога ги уверуваа охриѓани дека има превработеност или сега откако веќе една година е зголемена цената на вода за да се плаќаат новите партиски вработувања со парите на граѓаните?

Ова е уште еден доказ дека СДСМ нема намера да реализира ниту еден проект, туку само ги интересира криминал. Го повикуваме Георгиески да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на сите граѓани на Охрид.

Што побрзо СДСМ си замине од власт толку подобро за охриѓани,порача Божиноски.

Последни измени ( сабота, 09 февруари 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive