Историски час за Кирил Прличев PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 09 февруари 2019
istoriski1ww.jpgВо организација на Општина Охрид и НУ “Завод и музеј“, денес во “Куќата на Христо Узунов“, со одржување на историски час, беше одбележана 75 годишнината од смртта на охридскиот револуционер, Кирил Прличев. За ликот и делото на Прличев, зборуваше вишиот кустос м-р Горан Митрески и внукот на револуционерот кој го носи неговото име Кирил Прличев. .

Во своето излагање м-р Митрески истакна дека “Кирил Прличев е значаен македонски патриот и револуционер кој оставил длабоки траги во македонското револуционерно движење. Тој е од онаа плејада на македонски револуционери кои намерно беа анатемисувани, саботирани, дистанцирани и затскриени од поранешната историографија на стариот комунистички систем. Причина затоа што беше деец на ВМРО со продесна ориентација. Поради тоа за пошироката јавност Кирил Прличев не беше доволно познат. Се` до 1990 година за овој македонски патриот се знаело многу малку, иако негов татко е македонскиот преродбеник Григор Прличев. Историографијата и историографите на поранешниот систем не ја истражувале неговата револуционерна и животна сторија и посветена борба за македонската кауза“.

Внукот на македонскиот револуционер, кој живее во Бугарија, Кирил Прличев ја истакна посветеноста на неговиот дедо до крајот на својот живот, да се бори за независна и самостојна македонска држава, која ќе ги обедини сите етникуми кои живеат во неа како рамноправни граѓани.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive