Пронајдено телото на фудбалерот Сала PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 08 февруари 2019
kardif1we.jpgПолицијата на Дорсет потврди дека е пронајдено телото на фудбалерот на Кардиф сити, Емилијано Сала, кој исчезна на враќање од Франција на 21 јануари, само два дена откако потпиша за англискиот премиерлигаш и стана најскап играч во неговата историја.

Дваесет и осумгодишниот Аргентинец беше во малиот авион што исчезна над Англискиот Канал и неговите остатоци конечно беа лоцирани во неделата наутро, по што во средата од него беше извлечено едно тело. Полицијата синоќа ја потврди идентификацијата, додека телото на 59-годишниот пилот Дејвид Иботсен засега не е пронајдено.

„Можеме и формално да потврдиме дека телото што беше донесено во пристаништето Портланд на 7 февруари е на Емилијано Сала“, соопшти полицијата, а информацијата потоа беше потврдена и од Кардиф сити.

Авионот „пајпер малибу“ леташе од Франција за Кардиф, откако Сала на кратко се врати во Нант за да се поздрави со своите бивши соиграчи. Потрагата по авионот беше откажана на 24 јануари, по што преку онлајн петиција беа собрани 370.000 евра за да се продолжи со приватна истрага.

Последни измени ( петок, 08 февруари 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive