Писмо од режисерот Иван Попоски за Лагадин PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 08 февруари 2019
poposki1ww.jpgТеатарскиот режисер Иван Поповски јавно му се обрати на премиерот Зоран Заев, разочаран и револтиран од неговата најава дека ќе помогне да се догради спорниот хотел во Лагадин. Тој му посочи на Заев дека понизок документ како Општ акт не може да се донесе за места за коишто веќе постои детален урбанистички план, туку тој може да се промени само со нов детален урбанистички план,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.

„Ви се обраќам по повод Вашиот јавно-приватен дијалог со инвеститорот на спорниот хотел во Лагадин, бидејќи длабоко верувам дека Вашите помошници/советници не Ви објасниле дека криминалот е направен не кога е дадена дозвола за градба, туку претходно, кога противзаконски е донесен Општ акт за Лагадин. Некој Ве става во целосна заблуда. Не е точно дека во Општина Охрид има ‘мечка‘ која го малтретира ‘чичко Никола‘ и не му дава да си го доизгради хотелот, туку има некои исплашени мечиња, кои со судни маки сакаат да ѝ се спротивстават на мафијата и со поддршка на граѓаните и граѓанскиот сектор да направат да излезе на виделина ‘грешката‘ што е направена за Лагадин“, вели Поповски во своето обраќање.

Одобрението за градба на хотелот, кој почна да се гради во 2016 година во време кога градоначалник беше Никола Бакрачески, е поништено од Општина Охрид, а против изградбата се кренаа бројни охридски здруженија и жителите на населбата. Изградбата прекршува вкупно 12 закони, еден подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на Езерото.

Поповски потсети на писмото што неговата ќерка пред три години сакала да му го испрати на тогашниот премиер Никола Груевски, но ја премислил, зашто „еден чичко Зоран ќе даде сѐ од себе да ги спречи глупостите на чичко Никола“.

„Пред три години, ќерка ми Павла му пишуваше писмо на еден друг, во тоа време многу поважен, чичко Никола. Непосредно пред да го објавиме, јас ја убедував дека треба да почекаме. Ќе ми биде срам од ќерка ми кога ќе разбере дека сум ја излажал, а како што тргнало, наскоро ќе разбере. Сега гледам дека згрешив што тогаш не го објавивме“, вели Поповски.

Иако признава дека некои работи се смениле во меѓувреме, тој му порачува на Заев дека има уште работи за средување.

„Некои од работите се средија: палмите си умреа, а заедно со нив и лошите, бели, туѓи пеперуги, патот (лузната) на Галичица е стопиран (се надевам, засекогаш)… Останаа чаршафите, булдожерите и лопатите со цемент и бетон. Јас моите ќерки ги учам дека не е страшно да си ја признаат грешката. Пострашно е да не знаеш дека си згрешил, а најстрашно е да знаеш и да си ќутиш“, завршува Поповски.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Тепачка во Мислешево,пожар на автоплац во Велешта
tepacka1qq.jpgНа седумнаесетти февруари оваа година, во 02 часот и 30 минути, во угостителски објект во струшкото село Мислешево, нарушен е јавниот ред и мир. Притоа, И.П.(22) жител на селото, физички бил нападнат од Ј.П. (33) од Струга, по што бил пренесен во Оштата болница во Струга.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против Ј.П. ќе поднесе соодветна пријава.

Читај повеќе...
 
Во центарот на Охрид го ограбил и му зел 700 денари

paricnik200p.jpgНа 16.02.2019 година околу 18,00 часот во Охрид на улица „Македонски просветители“ непознат сторител со закана извршил разбојништво над И.С.(40) од Охрид при што и одзел паричник  во кој имала 700 денари и лични документи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
Силјаноска претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ
gordana300l.jpgПрофесорката Гордана Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори. За неа, на партиската конвенција во Струга гласаа 408 од вкупно регистрираните 519 делегати.
Читај повеќе...
 
Мицкоски: Нема да апстинираме на претседателските...
kongress1q.jpgВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција во Струга го избира кандидатот за претседател за претстојните претседателски избори.
Читај повеќе...
 
Охрид ќе има скратен број за СОС повици за прв пат во...
antoniod1q.jpgУтре ќе бие промовиран, новиот скратен број за СОС повици кон Планинската спасителна служба, пракса која за прв пат се воспоставува во некој регион од државата.
Читај повеќе...
 
Општината ќе го спасува чинарот
cinar441ccc.jpgЗа чинарот на плоштадот „Чинар“ кој е во лоша состојба, Општина Охрид побара и доби посебна дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) за имплементација на мерките за санација и ревитализација. За таа цел  е во тек тендерска постапка за избор на стручна фирма која ќе превземе активности за санација, ревитализација и статичко обезбедување на чинарот.
Читај повеќе...
 
Во центарот на Охрид изгореа три возила

izgoreni300p.jpgВо центарот на Охрид,кај полигонот за мали спортови утринава околу 01 часот изгореле три моторни возила,од кои едното делимично.Информацијата ни ја потврди и портпаролот на СВР- Охрид м-р Стефан Димоски.

 

Читај повеќе...
 
Во ЕМУЦ почна изградбата на спортска сала
emuc2w.jpgПо долгогодишните најави во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид се започна со изградба на спортска сала,која се гради како дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука,а во соработка со Локалната самоуправа на општина Охрид.
Читај повеќе...
 
Во петок собир на граѓани за урбана заедница "8-ми Септе

ohrid3w.jpgСоветот  на урбана заедница 9 „8-ми Септември“ во петок (15.02 2018г) со почеток во 20 часот  ќе одржи собир на граѓани во месната канцеларија. На средбата  ќе се изврши избор  на членови на Советот.

Читај повеќе...
 
Југозападен плански регион:Идентификација на...
jugozapaden45.jpgНиз три форумски расправи, со партиципативно учество на  значајните, засегнати, страни од ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, во текот на месецов, се очекува да  биде развиен проект од тематските области туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија во чија реализација ќе бидат инвестирани 112.000 швајцарски франци.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive