Кај Дебар откриени 30 килограми марихуана |
|
|
|
петок, 08 февруари 2019 |
На седми февруари оваа година околу 20,00
часот, на регионалниот пат Дебар-Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено
е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново.
При преглед на возилото, полициските службеници
пронајдоа и одзедоа три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана. Ќ.М. е
приведен а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во
близина на Дебар, приведени се и албанските
државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45).
По наредба на надлежен
Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар
за натамошна постапка.
|