Завршија Прличевите беседи PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 07 февруари 2019

pocest1q.jpgВчера,  6 февруари во чест на големиот македонски поет и преродбеник Григор Прличев во Охрид се одржаа традиционалните „Прличеви беседи 2019“

Во Прличевата одаја во НУ Библитоека „Григор Прличев“ се одржа Портрет  посветен на роднокрајниот поетот и писател Видое Видически. Настанот го отвори директорката на нашата НУ Гордана Змејковска:

-Григор Прличев со многу нешта не задолжил да го славиме неговото име. Во овој милениумски Охрид  по Прличев се  родиле и твореле  бројни поети и писатели кои му се заветиле на Охрид и на Прличев.

Еден од нив е и нашиот поет, писател и драмски автор   Видое Видически кој е маркантна фигура во охридската и македонската литература.

Тој е познат општественик и основач на низа институции од областа на културата во Охрид и регионот. Еден период бил и вршител на должноста директор на тогашната Градска а сега НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Поводот токму денеска да го одржиме портретот за него е добиената највисока општинска награда за животно дело Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, рече Змејковска.pocest2q.jpg

Видически минатата година стана добитник на највисокото општинско признание наградата за животно дело  „Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид “ .

За неговото творештво беседеа неговите колеги:  Горјан Петревски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Видое Видически е роден во Охрид, во 1931 година. Зад себе има богат и разновиден опус како поет, раскажувач и драмски автор. Во поезијата дебитираше со стихозбирката „Сини питоми утрини“ во 1959 година. Потоа ги објави поетските книги „Вечерен пејзаж од градот“, „Песни за потопот“, „Кажување на задоцнетиот пророк“, „Вие“ и „Биље крај езерото“. Неговата поезија преведувана е на италијански, француски, руски, турски и романски јазик. Автор е на збирката раскази „Заробеници на вечерните игри“ и на драмите „Бреговите се немирни“ и „Балада за орканата“.

Бил основач и прв директор е на Радио Охрид, директор на Домот на културата во Охрид, еден од основачите на „Охридско лето“ и негов раководител, како и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“. За своето творештво е добитник на низа признанија, меѓу кои Наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, Наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид, и наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година.

Видое Видически , во 2018 ја доби наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности

По портретот беше  прикажан 30 минутниот видео проект „Од животот на Прличев“ чиј автор е м-р Милчо Јованоски, вработен во библиотеката. Идејата е овој проект наскоро да го одгледаат сите ученици од деветтите одделенија во општините Охрид и Дебрца. Првата  средба со Прличев основците  според наставната програма ја имаат токму на таа возраст.

Наши колеги во текот на вчерашниот ден се поклонија и положија свежо цвеќе на гробот на Прличев а присуствуваа и на настанот „Стихови и звуци“ во куќата на Прличев.pocest3q.jpg

На споменикот на Прличев пред библиотеката и наша делегација положи  свежо цвеќе и ловоров венец. Беседа за бессмртниот Прличев и неговата поема „Сердарот“ одржа секретарот на Друштвото на писателите на Македонија Мишел Павловски.

Чествувањата во знакот на Прличев во охридската библиотека ќе бидат заокружени со традиционалната Охридска визита.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive