Јаве повик за финансирање програми и проекти PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 24 јануари 2019

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), в.д. Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2019 ГОДИНА

I.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес на своите граѓани на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2019 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади; традиционални манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер, различни видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид, како и давање на можност средставата кои определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој секако би носел бенефит за градот Охрид.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.
- Под правни лица се подразбираат установи од областа на култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади, здруженија на граѓани, асоцијации и слично, регистрирани во Република Македонија,
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на јавниот повик за добивање средства од Буџетот на општина Охрид се:

- Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации;
- Да спроведуваат активности од минимум една година;
- Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес;
- Да не добиле средcтва или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.

Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Општина Охрид во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со општина Охрид.

III. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Аплицирањето се врши на стандардизирани обрасци кои се задолжителни за секој апликант и се составен дел на документацијата од самиот јавен повик.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријава се превзема од веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk) и се пополнува со впишување на податоци на означеното место со потпис и печат на овластеното лице. За секој проект/програма се пополнува одделна пријава.

Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2019 година.
Апликантите покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:

- Фотокопија од документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија
- Копија од потврда за отворена и активна жиро сметка (за правни лица) или копија од трансакциска сметка (за физички лица)
- Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на Јавниот повик треба да достават и копија од уверение за државјанство на Република Македонија.
- Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави. 
- Апликантите на проектите се задолжени да достават доказ (договор за волонтерски ангажман) дека за потребите на проектот ангажирале барем едно младо лице на возраст од 15-29 години.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса:

Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2019 година“

или лично во архивата на Општина Охрид.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Охрид, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

-да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината;

-чување и афирмирање на материјалното, духовното и културното наследство;

-поттикнување и афирмирање на културните разноликости на припадниците на етничките зедници;

-континуитет на традиционални манифестации што се од интерес за општината;

-презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност;

-подобрување на образованието;

-афирмирање и поддршка на млади уметници и автори;

-развивање и поддршка на младите, младинската партиципација и учество и младинската култура во чии рамки ќе се поддржуваат креативни и едукативни проекти;

-воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни институции и други организации;

-одбележување јубилејни настани и значајни датуми;

-организирање на меѓународни манифестации што се одржуваат во Општина Охрид;

-стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти;

-поттикнување на научната и критичката мисла преку организирање на семинари, конференции и дебати;

-потикнување на креативноста и подобрување на развојот на децата и младите и лицата со посебни потреби;

-унапредување на животот на лицата со посебни потреби;

-развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби;

-стимулирање и потикнување на здравјето на граѓаните;

-квалитетен, богат и разновиден спортски живот на ниво на Општина Охрид;

-развој и унапредување на сите форми на училишен спорт;

-афирмација на масовниот и другите спортови и рекреацијата кај сите возрасни групи и категории на население од општината;

-заштита и унапредување на животната средина

-средставата која определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид може да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој секако би носел бенефит за градот Охрид.

Општина Охрид финансиски поддржува програми и проекти кои ќе се реализираат во текот на 2019 година, сметано од денот на потпишување на Договор за учество во финансирање на програми/проекти.

Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени средства треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид.

Максималниот износ на доделени средства од страна на општина Охрид кои определено здружение на граѓани може да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој би носел бенефит за градот Охрид изнесува до 100.000,00 денари.

Максималниот износ на доделени средства од страна на општина Охрид за реализација на проект или програма (од областа на култура, спорт, образование, социјала,екологија, здравство и млади) изнесува до 120.000,00 денари.

За реализација на проекти или програми кои се однесуваат на подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби максималниот износ на одобрени средства од страна на општина Охрид изнесува до 150.000,00 денари.     

При тоа за исплата на хонорари на проектниот тим, корисникот може да користи само 30% од вкупно доделената сума.

Оценувањето на поднесените проекти/програми ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2019 година.

Комисијата за спроведување на постапката за доделување на средства за проектите од јавен интерес и одделението за млади и невладини организации го задржуваат правото во секоја фаза од реализацијата на одобрениеот проект да извршат надзор над субјектот кој користи средства од буџетот на општина Охрид.

V. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

Учесниците на Јавниот повик за резултатите ќе бидат известени со Решение донесено од Градоначалникот на Општина Охрид.

Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk).

Бројот на поддржани проекти/програми на Јавниот повик и висината на средствата со кои ќе се поддржат проектите ќе се утврдат во согласност со Буџетот на Општина Охрид за 2019 година.

Согласно донесениот буџет на општина Охрид за 2019 година, средствата предвидени за оваа намена изнесуваат 2.000.000,00 денари.

VI. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Тепачка во Мислешево,пожар на автоплац во Велешта
tepacka1qq.jpgНа седумнаесетти февруари оваа година, во 02 часот и 30 минути, во угостителски објект во струшкото село Мислешево, нарушен е јавниот ред и мир. Притоа, И.П.(22) жител на селото, физички бил нападнат од Ј.П. (33) од Струга, по што бил пренесен во Оштата болница во Струга.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против Ј.П. ќе поднесе соодветна пријава.

Читај повеќе...
 
Во центарот на Охрид го ограбил и му зел 700 денари

paricnik200p.jpgНа 16.02.2019 година околу 18,00 часот во Охрид на улица „Македонски просветители“ непознат сторител со закана извршил разбојништво над И.С.(40) од Охрид при што и одзел паричник  во кој имала 700 денари и лични документи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
Силјаноска претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ
gordana300l.jpgПрофесорката Гордана Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори. За неа, на партиската конвенција во Струга гласаа 408 од вкупно регистрираните 519 делегати.
Читај повеќе...
 
Мицкоски: Нема да апстинираме на претседателските...
kongress1q.jpgВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција во Струга го избира кандидатот за претседател за претстојните претседателски избори.
Читај повеќе...
 
Охрид ќе има скратен број за СОС повици за прв пат во...
antoniod1q.jpgУтре ќе бие промовиран, новиот скратен број за СОС повици кон Планинската спасителна служба, пракса која за прв пат се воспоставува во некој регион од државата.
Читај повеќе...
 
Општината ќе го спасува чинарот
cinar441ccc.jpgЗа чинарот на плоштадот „Чинар“ кој е во лоша состојба, Општина Охрид побара и доби посебна дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) за имплементација на мерките за санација и ревитализација. За таа цел  е во тек тендерска постапка за избор на стручна фирма која ќе превземе активности за санација, ревитализација и статичко обезбедување на чинарот.
Читај повеќе...
 
Во центарот на Охрид изгореа три возила

izgoreni300p.jpgВо центарот на Охрид,кај полигонот за мали спортови утринава околу 01 часот изгореле три моторни возила,од кои едното делимично.Информацијата ни ја потврди и портпаролот на СВР- Охрид м-р Стефан Димоски.

 

Читај повеќе...
 
Во ЕМУЦ почна изградбата на спортска сала
emuc2w.jpgПо долгогодишните најави во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид се започна со изградба на спортска сала,која се гради како дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука,а во соработка со Локалната самоуправа на општина Охрид.
Читај повеќе...
 
Во петок собир на граѓани за урбана заедница "8-ми Септе

ohrid3w.jpgСоветот  на урбана заедница 9 „8-ми Септември“ во петок (15.02 2018г) со почеток во 20 часот  ќе одржи собир на граѓани во месната канцеларија. На средбата  ќе се изврши избор  на членови на Советот.

Читај повеќе...
 
Југозападен плански регион:Идентификација на...
jugozapaden45.jpgНиз три форумски расправи, со партиципативно учество на  значајните, засегнати, страни од ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, во текот на месецов, се очекува да  биде развиен проект од тематските области туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија во чија реализација ќе бидат инвестирани 112.000 швајцарски франци.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive