Собранието ги усвои уставните измени со 81 глас "за" |
|
|
|
петок, 11 јануари 2019 |
Собранието со 81 глас „за“ ги усвои четирите уставни амандмани
предвидени со Договорот од Преспа и потоа со ист број гласови донесе
одлука за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 со што тие
стануваат дел од Уставот.
Со амандманот 33, зборовите „Република Македонија се заменуваат со
зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се
заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.
Амандманот 34 се однесува на промените во Преамбулата, амандманот 35 е
за гарантирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и
политичката независност на соседните држави и амандманот 36 се однесува
на грижата за дијаспората.
По прогласувањето на уставните амандмани, со 81 глас „за“ беше усвоен
и уставниот закон со кој се регулира и државјанството како „македонско –
граѓанин на Република Северна Македонија“.
|