"Охридски комуналец"-Чистете го снегот пред домовите |
|
|
|
петок, 11 јануари 2019 |
Заради најавените минусни температури во наредните денови апелираме и
ги потсетуваме граѓаните на општина Охрид, куќните совети и
сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат
за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални,
станбени и деловни објекти,апелираат од "Охридски комуналец" и додаваат:
Посебно се потенцира обврската за
дислоцирање на моторните возила од коловозните површини со цел да се
овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација.
Само со координирана акција и активно
учество на сите чинители, снегот навремно ќе се расчисти и ќе се
овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално
функционирање на градот.
|