Мареј се повлекува од тенисите терени!? PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 11 јануари 2019
kraje1q.jpgЕнди Мареј изјави дека планира да се повлече од тениските терени по годинашниот Вимблдон, но стравува дека нема да го дочека тоа и дека Отвореното првенство на Австралија ќе му биде последен турнир.

Трикратниот гренд слем победник, кој тешко заздравува од операцијата на колкот, се расплака на денешната прес-конференција во Мелбурн, во пресрет на стартот на Австралија опен.

„Не сум сигурен дали во овие болки ќе можам да продолжам да играм уште четири-пет месеци. Сакам да играм на Вимблдон и тука да се повлечам, но не сум сигурен дали ќе успеам во тоа“, кажа 31-годишниот Шкотланѓанец.

Поранешниот светски рекет број еден го оперираше десниот колк минатиот јануари и од враќањето на терените во јуни има одиграно само 14 мечеви.

„Не се чувствувам добро. Се мачам долго време. Имам болки веќе 20 месеци. Сега сум подобро отколку пред шест месеци, но сѐ уште не можам да играм на посакувано ниво“, додаде Мареј.

Тој го освои Ју-Ес опен во 2012, за потоа да стане голем британски спортски херој кога триумфираше на Вимблдон наредната година, што го повтори во 2016.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive