ВМРО-ДПМНЕ од Охрид обвини дека задоцнето се... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 10 јануари 2019

bozin1a.jpgКатастрофална е состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот. Градоначалничката функција не е пи-ар и маркетиншка агенција, па в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески добро ќе беше чајот да го испие и со граѓаните кои беа оставени сами на себе да се справуваат со снегот.,кажа  на денешната прес конференција Перчо Божиноски,портпароот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

-Наместо свесно извршување од сметката на општината со цел враќање стари долгови, требаше се набави нова и современа механизација, а не директорите на јавните претпријатија да набавуваат стари некорисни возила со сомнителни технички спецификации.

Георгиески и покрај информациите, откако Охрид беше затрупан со снег, одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб и директорите на јавните претпријатија.

Патиштата и улиците во населбите Радојца Новичиќ, Кошишта, Видобишта останаа нерасчистени и тешко проодни, а Стариот дел на градот и поодалечените места беа блокирани и отсечени. Дури и Центарот на градот и градскот плоштад беа затрупани во снег.

Како луѓето со здравствени проблеми навремено да стигнат да примат лекарска помош?

Синоќа улицата до Кардиолошкиот центар беше целосно отсечена. Да не размислуваме доколку некој има потреба од Итна медицинска помош, тогаш веќе ќе биде касно од секакви реакции.

Ќе преземете ли одговорност затоа што граѓаните на Охрид свесно ги ставате во голем ризик?

Дури денес започнавте да расчистувате во Стар град и ненаселените места. Ова е срамно и скандалозно снегот во јануари да Ве изненади.

Охриѓани на дело ја видоа нестручноста и неажурноста на СДСМ и Георгиески преку задоцнетата реакција откако оставија да заврне снег. Хаосот во Охрид е доказ за тоа. Наместо водење предизборна капмања и расипничко трошење на парите на граѓаните, Георгиески треба да се зафати со работа во корист на граѓаните,рече Божиноски.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive