Охрид успешно се справува со снегот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 09 јануари 2019
stab1q.jpgВршителот на должност, градоначалник Константин Георгиевски , утрово одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб, директорите на јавните претпријатија и претставници од Територијалната противпожарна единица  со цел  преземање на активности и мерки за непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Охрид, во услови на снег.

Од утрово екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ со работна сила и механизација се излезени на терен и со координирани активности работат на расчистување на уличната патна мрежа во населените централни градски подрачја и периферијата.

Екипи на ЈП „Проаква“-РЕ Водовод- Охрид, веќе го расчистија патот за с.Елшани, работат на патот кој води кон с.Коњско, а потоа ќе се расчистуваат и патиштата кои водат кон селата Велестово, Горно и Долно Лакочереј, Орман, Рамне и сите останати рурални средини.
Екипите на ЈП „Билјанини Извори“, покрај тоа што работат на расчистување на паркинзите со кои стопанисуваат, вклучени се и во расчистување на тротоарите во централното градско подрачје.

Екипи на останатите јавни претпријатија, потпомогнати со механизација и работна сила од рано утрово вршат расчистување на снегот по тротоарите низ целата територија на Општина Охрид.

Екипи на ангажираните компании со кои е склучен договор за зимско одржување, го расчистуваат снегот и ги посипуваат со ризла, патните правци кои водат кон селата Куратица, Речица,Свињишта, Завој, Опеница, Косел, Вапила, Ливоишта, Вапила-Расино и Вапила-Сирула.

Покрај механизација, од страна на јавните претпријатија, формирани се и работни екипи за расчистување на тротоарите и посипување со ризла,со цел непречено движење на пешаците.

Согласно утврдениот план за работа, веќе се расчистуваат тротоарите во централното градско подрачје. Се расчистува чаршијата, плоштадите,  улиците „Македонски Просветители“ и  „Туристичка“, населбата Воска со улицата „Гоце Делчев“, улиците „Питу Гули“, „Јане Сандански“, „Сирма Војвода“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“ и  „Кленоец“.
Од раните урински часови, се работи на расчистување на пристапните патишта кон детските градинки, основните и средни училишта, Општата Болница, Здравствен Дом „Маларична“ и меѓуградската автобуска станица.

Општина Охрид упатува апел до сите граѓани, согласно законот за јавна чистота   да вршат расчистување на снегот пред своите објекти, и да не го фрлаат  на коловозните ленти, со цел непречено одвивање на сообраќајот. Со намера расчистувањето да се одвива непречено, охриѓани треба да ги отстранат своите возила од јавни површини, тротоари и улици.

Активностите за расчистување на снегот ќе траат во текот на целиот ден. На терен ќе биде и в. д градоначалникот Константин Георгиески, кој во текот на денот ќе одржува и наредни работни состаноци со надлежните служби.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Летово туристичка инспекција ќе биде...
carsija1we.jpgВо екот на главната туристичка сезона, очекувано зголемен е обемот на работа на туристичката инспекција од општинскиот инспекторат. Покрај контролата на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости.
Читај повеќе...
 
Кај Рача фатен стружанец со 50 килограми марихуана
faten1e.jpgВо координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР Охрид, на 18.7.2019 во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата Рача, сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л.(53 ) од Струга.
Читај повеќе...
 
Безвременски звуци на "Cuba"

pinkob1.jpgНа плажата Cuba Libre од 22:00 часот започнаа да се разлеваат безвременските звуци на музиката која одбележа цели генерации и остави длабок печат во нивната музичка наобразба, но и погледот кон светот. Групата исполни 16 хитови на Pink Floyd, а како и на првиот концерт на „Долни сарај“, настапот беше пропратен и со посебно видео и лајт шоу.

Читај повеќе...
 
СВР-Охрид предупредува на опасност од кражби
svrohrid2q.jpgСо цел елиминирање на можностите за вршење кражби, СВР Охрид ги интензивира превентивните мерки со кои,   граѓаните ги потсетуваме на неопходноста од поголема грижа за безбедноста на домовите и вредните предмети.
Читај повеќе...
 
Време и ноќ за убава музика во "Cuba"

cuba1we.jpgВечерва музиката повторно се враќа во Охрид, време е за уште едно интимно музичко задоволство и вистинско уживање со проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd.

Читај повеќе...
 
"Костал" ќе вработи уште 750 лица
kostalf1q.jpgГрадоначалникот на Охрид, Константин Георгиески заедно со Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технололошко индустриски развојни зони Александар Младеновски, денеска го посетија производствениот погон на германската компанија за производство на компоненти за автомобилската индустрија „Костал“ во Охрид.
Читај повеќе...
 
Стоилкоски:Загрозен е статусот на Охрид во УНЕСКО
stoilkoski1q.jpg-Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават слеп народот, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид, поради кои е загрозен статусот во УНЕСКО,рече на почетокот од денешната прес конференција Наум Стоилкоски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Читај повеќе...
 
Се наполнив со воздух за ја извадам кадата,вели Паскал

kada2wdd.jpgПознатиот охридски нуркач Никола Паскали деновиве од дното на Охридскоо езеро кај Мостот на желбите извади када која некој ја фрлил на околу 100 метри од брегот и на длабочина од 5 метри.Претпоставка е дека кадата е донесена со кајче,а потоа фрлена,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.

Читај повеќе...
 
На Галичица се гради Центар за репродукција на елени

elen108k.jpgВо Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени. Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.

Читај повеќе...
 
ВМРО-Охрид:во УНЕСКО пратиле еден текст,во ...
zgrada12q.jpg-Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг!,обвинија денес на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive