Барби наполни 60 години PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 08 јануари 2019
barbi1q.jpgГодинава полни 60 години и сѐ уште нема ниедна брчка. Русокоса или бринета, со исправена или со навиткана коса, со бел или со црномурест тен, принцеза или претседателка, Барби отсекогаш е омилена играчка на малите девојчиња, колку и да предизвикуваше контроверзии низ годините.

И покрај големата конкуренција во индустријата на играчки, 58 милиони Барби кукли се продаваат секоја година во повеќе од 150 земји.

„Во индустрија во која е успех да опстоиш од три до пет години, 60 години е огромна работа“, изјави Нејтан Бејнард, директор на глобалниот маркетинг за Барби.

Денес, 55 отсто од продадените кукли немаат ниту руса коса, ниту сини очи

Севкупно, над милијарда Барби кукли се продадени од нејзиното појавување на Американскиот саем за играчки во Њујорк, на 9 март 1959 година. Куклата е изум на Рут Хандлер, коосновачка на „Мател“, која се инспирирала од нејзините деца.

„Нејзината ќерка Барбара немала голем избор на играчки, тогаш имало само играчки-бебиња. Единствената улога која со нив можела да ја игра била негувателка, мајка. Синот на Рут, од друга страна, си играл со играчки со кои можел да виде астронаут, каубоец, пилот, хирург“, вели Бејнард и додава:

„Барби, се разбира, е скратено од Барбара. Таа беше инстант успех. Првата година се продале 300.000 кукли“.

На почетокот, пропорциите на Барби не изгледале толку феминистички, но низ годините, тие наидоа на голем број критики.

„Во 1959 година, нејзиното тело било направено во согласност со естетиката на тоа време, како и материјалот што бил достапен“, вели дизајнерката на Барби, Карлил Нуера.

„Мател“, во меѓувреме, направи низа корекции, воведувајќи кукли со различни форми на тело и бои на кожа. Првата црномуреста Барби, Кристи, се појави во 1968 година.

Според Лиза Мекнајт, потпретседателка на „Мател“, денес, 55 отсто од продадените кукли немаат ниту руса коса, ниту сини очи. Иако има 60 години, таа е секогаш млада, сѐ уште сингл и без деца.

„Приказната за брендот Барби е дека таа е млада, независна жена, која гради кариера“, вели Мекнајт.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive