Владата брза да формира антикорупциска комисија... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 08 јануари 2019
brza1q.jpgПо седницата на која треба да се донесат уставните измени, закажана за 9 јануари, Собранието планира да го донесе и новиот предлог-законот за спречување корупција и конфликт на интереси. Владата претходно го повлече законот, и пак го врати во Собранието сега со европско знаме. Тоа значи по само три дена собраниска расправа, пратениците ќе го гласаат. Од Собранието велат дека дури не заврши седницата за промена на Уставот, нема да се расправа за предлог-законот за спречување корупција и конфликт на интереси.

Власта брза со донесување на законот, бидејќи за околу месец дена треба Собранието да ги распише претседателските избори.

Од парламентарното мнозинство за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека мора да брзаат оти не би било добро да нема Антикорупциска комисија за претседателските избори.

Собранието треба да го донесе законот, да распише оглас за избор на членови на Антикорупциската комисија, да се избере претседател и членови, да се верификува нивниот мандат и да почне да работи, а тоа сè треба да се направи за околу два месеци, што е многу кус рок, велат извори од Собранието.

Ако власта не направи измени на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи во Собранието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека нивните забелешки на законот се принципиелни и биле образложени во работната група во Собранието. Тој се надева дека СДСМ ќе се повлече од најавата за повторно ставање во собраниска процедура со европско знаме на новиот предлог-законот за корупција и судир на интереси.

„Овој закон е исклучително важен и треба да ја добие поддршката од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ е на располагање. Имаме аргументи кои се во согласност со препораките на ГРЕКО и со меѓународното право и подготвени сме да ги аргументираме каде било, кога било и со кого било од нашиот политички противник. Основен принцип на овој закон е формирање нов чадор што би служел во подоцна фаза за притисок врз политичките неистомисленици“, рече Мицкоски, по божиќната литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје и кажа дека законот ваков како што е предложен, опозицијата нема да го поддржи.

Во новиот закон за спречување на корупцијата, ставени се забелешките на Европската комисија. Предвидено е селекција на кандидати да прави комисија за избор составена од 7 члена, а не собраниската Комисија за избор и именувања, со цел да се намали политичката зависност на Комисијата.

Еден член ќе биде номиниран од Народниот правобранител, еден претставник од Советот за соработка меѓу владата и граѓанскиот сектор за областа Демократија и владеење на правото, еден член во Советот за соработка меѓу владата и граѓанскиот секторот за областа Медиуми и информатичко општество и по двајца пратеници од власта и опозицијата.

По селектирањето на кандидатите, комисија ќе организира интервју на кое на кандидатите прашања ќе може да им поставуваат членовите на комисијата, претставници на МАНУ, на здруженијата на новинари, невладини организации, Народниот правобранител и Интеруниверзитетската конференција. Комисијата потоа листата на кандидати ја доставува до собраниската Комисија за изборите и именувањата која ќе му ги предложи на Собранието да ги избере.

Со новиот закон за антикорупциската комисија предвидено е таа да ги контролира финансирањето на политичките партии и финансирањето на изборните кампањи.

Антикорупциската комисија практично не постои од март, кога претседателот на комисијата Игор Тантуровски и членовите поднесоа оставки по скандалот што го откри САКАМДАКАЖАМ.МК со злоупотреби и неправилности во работата на комисијата.

Последни измени ( вторник, 08 јануари 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive