Маж и две жени загинаа во превртениот автобус на ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 16 декември 2018
mazizena1q.jpgМаж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус, пренесе изјава од лесковачката болница српската агенција Бета. Во тек идентификацијата на загинатите.

„Во врска со автобуската несреќа во Србија, за сега официјално од српските власти ја имаме добиено само информацијата во врска со превозникот, а тоа е дека станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Се чека на дополнителни инфорамции, потврда за број на загинати и повредени и други информации поврзани со несреќата. Веднаш штом ќе добиеме потврда од српските власти, ќе информираме. Министерот за здравство Венко Филипче, Генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на Република Македонија во Белград се упатени кон местото на несреќата“, соопштија од македонското МНР.

Автобусот е на компанијата „Еуробус“ од Струга, но на телефонот што стои за контакт на нејзиниот вебсајт утрово никој не одговара. „Еуробус“ има посебна линија од Струга за Виена, но вчера појдовна станица била од Битола во 19 часот, а автобусот поминал во 19.30 во Прилеп, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од автобуските станици во Битола и Прилеп. Од таму не знаат дали и колку патници имало. Неофицијално, едниот возач е од Битола.

Возачот и совозачот не се повредени, но според Бета, кажано им е дека не смеат да даваат изјави за медиуми. Според Бета, автобусот тргнал од Битола кон Виена, а имало патници од Битола и од други градови од Македонија. Еден од повредените за агенцијата изјавил дека не знае како се случила несреќата оти сите спиеле.

„Кога се разбудив чув врескање. Видов луѓе со крвави глави и раце, а некој рече дека има и загинати. Не знам кој повика итна помош и полиција но набргу стигнаа неколку амбулантни коли и лекарите влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа пожарникарите и сите заедно нè извлекоа од автобусот“, рече за Бета момче од Битола кое во сообраќајката ја повреди раката.

Во болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица. Според началникот на Хирургија во Лесковац, 4 пациенти згрижени таму се со тешки повреди но се вон животна опасност, 23 згрижени во Ургентниот центар имаат полесни повреди, а на домашно лекување се пуштени 14, но ќе останат во лесковачката болница до обезбедување превоз за Македонија.

Автопатот кај Лесковац е чистен, но завеан е и на места е замрзнат. Автобусот ја пробил заштитната ограда и се превртел, а во меѓувреме е исправен и околу него дежура полиција и санитетско возило.

Последни измени ( недела, 16 декември 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive