Почина режисерот и политичар Љубиша Георгиевски PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 06 декември 2018
ljubisha1q.jpgЉубиша Георгиевски, истакнатиот македонски театарски и филмски режисер, професор во пензија, поранешен дипломат и претседател на Собранието на Македонија,  почина денеска во Скопје на 81 година, потврдија за САКАМДАКАЖА.МК од Драмски театар.

Георгиевски е роден во 1937 во Битола, беше театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.

Како политичар, во 1994 беше и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, потоа амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието од 2006 до 2008 од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ.

Како театарски режисер, има поставено над 160 претстави во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Георгиевски се обрати и на еден од последните собири на движењето „За заедничка Македонија“, чии протести кулминираа со организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 (Фото: принтскрин од видео)

Има објавено десеттина книги. Режисер е и на филмовите „Под исто небо“, „Планината на гневот“, „Републиката во пламен“ и „Цената на градот“. Добитник е на повеќе од дваесетина награди низ поранешна Југославија и во Македонија.

Меѓу последните негови претстави се „Аферата Елсинор“ во Македонскиот народен театар (МНТ) и  лани „Кристифор Колумбо“ во Драмски театар.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive