Две децении на "Камелеони" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 06 декември 2018

kameleoni1w.jpgКариерата која трае полни две децении сакаме да ја заокружиме со концерт, за жал прв ваков во нашата кариера, и за кој гарантираме добра забава и на кој ќе го дадеме нашиот максимум, порача на прес конференција Драган Василески, вокалист на познатата охридска група Камелеон.

 

Тој го најави и големиот концерт на групата, кој во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота на 29-ти декември со почеток во 19:00 часот.

 

- За концертот се подготвуваме веќе неколку месеци, работиме сериозно и активно, а сите 17 песни кои ќе бидат изведени добија нови аранжмани. Гости на концертот ќе бидат: Горан Папаз, Ѓоко Танески, кој ќе изведе две песни, охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“, Џеват Рамаданоски и студенти од Факултетот за музичка уметност, кои ќе формираат квартет. Во екипата што цело време ќе биде со нас се и Жармена и Димче Китрозоски, Никола Тони, а пратечки вокали ќе се Ана Костадиновска и Сара Николоска, истакна Василески.

 

Тој испрати благодарност до општина Охрид, но и до сите компании, институции, медиуми и познаници кои им помогнаа и им излегоа во пресрет за организација на концертот. Групата доби и ново заштитно лого, кои во иднина ќе биде препознатлив знак за групата.

 

- Подготвуваме и нова песна, доколку успееме да стигнеме, ќе биде промовирана на концертот. Ако не, новата 2019-та година ќе ја започнеме со нова песна. Како круна на оваа 20-годишна кариера, покрај концертот, ќе се снима и документарец за групата, во кој секој од нас ќе каже по нешто од своите доживувања и како ги поминал сите овие години во бендот. Ќе има многу анегдоти, интересни настани, додаде Василески.

 

Според гитаристот Роберт Милески, човекот кој ги потпиша најубавите стихови на групата, Камелеон функционира како едно семејство.

 

- Заедно сме полни 20 години. Морам да признам дека дел од тајната на успехот лежи и во публиката. Сите овие години таа е со нас и не прифаќа, секоја наша песна, помалку или повеќе е прифатена. Меѓу нас како луѓе имало и искри и несогласувања, но секогаш преовладувало почитувањето, другарството и пријателството, на некој начин сме како едно семејство. Тука секако е и желбата за музика, за свирење, творење, а со тоа и збогатување на она што доаѓа како културен придонес на македонската музичка сцена од наша страна, истакна Милески.

 

Членови на бендот се Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски. Драган, Роберт и Тони се постојани членови во бендот од самиот почеток. Петар станува дел од групата во 2001 година, а Зоран сите овие години, или е активен член или е во друга врска со бендот, како што е снимање на песни и слично. Низ годините и бројни други музичари имале добра соработка со бендот или биле негови членови и со тоа оставиле свој печат. Меѓу нив секако се и клавијатуристот Коки (членува во групата од создавањето на бендот, па се до 2001 година) и тапанарот Игор Фармаковски, кој работи со Камелеон во периодот од 2009 до 2010 година. За повеќето песни на бендот, текстот и музиката ги напиша гитаристот Роберт Милески.

 

На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билетите по цена од 250 денари ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top, тезга „Аждер“ во центарот на градот и во Burger Station.

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Ванеса Меј го отвора годинешново Охридско лето

ohridskopres1qd.jpgMега популарната виолинистка, светски славната Британка Ванеса Меј, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Читај повеќе...
 
Одбележан Денот на пожарникарите
sve1d.jpgГрадоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска присутвуваше на пригодната свеченост во охридската Противпожарна станица по повод 20-ти мај Денот на пожарникарите.
Читај повеќе...
 
Тепачки во Охрид и во Струга

nasilie1q.jpgВчера во 14 часот, во близина на Авто кампот ,,Ливадиште“ кај Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.К.( 68) од Струга врз Р.С.(38) од селото Радожда. Тој се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга. Напаѓачот М.К. е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.

 

Денес во 01 часот и 40 минути, во близина на угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.Џ.(19) врз В.К.(19), двајцата од Охрид.

Во видно алкохолизирана состојба, Е.Џ. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 
Нова песна на Папаз и Даз-"Знам"
papaz1q.jpgПрвиот сингл "Разбуди се", на Горан Папаз и Даз Флоу беше вистинско освежување на македонската музичка сцена во 2011-та кој се искачи на врвот на македонските топ листи.
Читај повеќе...
 
Да и' помогнеме на малат Мила да замине на операција ...
на 3-ти јуни, 2019 (понеделник) со почеток во 21 часот, на плажата "Куба " ќе се одржи голем хуманитарен концерт за нашата Мила Димоска од Охрид.
На концертот ќе настапуваат следниве изведувачи:
Ѓоко Танески,
Дамјан Пејчиновски,
Петар Марковски,
Јова Куцин и
The Backdoor Band.
mila1we.jpgМила Димоска од Охрид има 2 години и боледува од дистрофија (оштетување на мозокот).
По две успешни операции во Кина потребна е и трета операција што е можно поскоро за нејзиниот напредок да продолжи.
Читај повеќе...
 
Охриѓанец на Фејсбук ширел расистички и...

fejs1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид.  

Читај повеќе...
 
Штраусовиот "Лилјак" на плоштадот во Охрид
maturska200t.jpgСо танц на музика од штраусовата опера „Лилјакот“, околу 400 матуранти од  четирите  охридски средни училишни центри на плоштадот „Св. Климент Охридски“  се вклучија во манифестација „Матурска парада 2019“.
Читај повеќе...
 
"Бисера" објви конкурс за најубаво уреден двор и...
dvor1w.jpgПо повод Денот на Екологијата 05 Јуни, Женскиот Центар "Бисера"- Охрид објавува конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.

Читај повеќе...
 
Охриѓанец го "опремил" домот со пиротехника
petardi1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.С.(32) од Охрид.
Читај повеќе...
 
Одбележан денот на пчелата
dennapcelata1q.jpgСо словенечки доручек, во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца, денес, беше одбележан Светскиот ден на пчелата. Настанот беше во организација на Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, и почесниот конзул на Република Словенија, Шенол Ислам.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive