Француската влада им попушти на демонстрантите PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 04 декември 2018
francija1we.jpgФранцуската влада ќе го суспендира законот за поскапување на горивата, кој доведе до насилни протести во Париз и во други големи градови изминативе три викенди, јавија локалните медиуми.

Премиерот Едуар Филип повика на компромис со демонстрантите, но тие ги откажаа преговорите откако добиле смртни закани од екстремисти во своите редови.

Протестите на таканаречените жолти елеци во меѓувреме прераснаа во општо незадоволство од економските реформи на претседателот Макрон, од кои, според демонстрантите, корист имаат само богатите и големите бизниси.

Три лица загинаа од почнувањето на протестите, кои резултираа со насилство и вандализам, при што беа оштетени и културно-историски споменици, вклучувајќи ја и Триумфалната порта во Париз. Макрон дури размислуваше да прогласи вонредна состојба за да се справи со најголемата криза во земјата во последните 50 години.

Премиерот Филип денеска треба да се сретне со пратениците од владејачката партија и се очекува да прогласи мораториум на спорниот закон. Владата потврди дека ќе се огласи денеска попладне.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive