Тениската легенда Борис Бекер е банкрот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 04 декември 2018
beker56tt.jpgТениската легенда Борис Бекер објави дека веќе нема да се повикува на дипломатски имунитет, што би му помогнало да се спаси од банкрот. Трикратниот освојувач на Вимблдон е дипломат на Централноафриканската Република, што, според него, го штити од сите правни случаи.

Тој прогласи банкрот минатата година поради големи долгови кон банката „Арбутнот латам“, за потоа да биде притиснат за дополнителни побарувања.

По сослушувањето во Лондон, Бекер се откажа од својот случај, со што неговиот банкрот е продолжен на неодредено време. Ова значи дека ќе се одржи планираната аукција на негови трофеи и други лични предмети, што ги вклучува златниот олимписки медал од 1992 година и тениска опрема. Се очекува тие да се продадат за вкупна цена од 200.000 фунти.

Централноафриканската Република, една од најсиромашните држави на светот, во април го назначи Бекер за свој аташе за спорт и култура во Европската Унија.

„Немам друг избор освен да се откажам од повикувањето на дипломатски имунитет. Не сум во позиција финансиски да го водам случајот“, кажа Бекер.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive