Студенчишкиот канал ќе се копа за да не дојде до... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 03 декември 2018

zaklucoci1q.jpgСтуденчишкиот канал во Охрид ќе се продлабочува и проширува за повторно да не се случи помор на рибите во него,е еден од заклучоците од денешната вонредна седницана Градскиот совет на Охрид на кој се расправаше за последниот помор на плашицата кога угинаа околу половина тон риби.

 

По расправата советниците едногласно ги донесоа овие заклучоци:

-Се задолжува   Градоначалникот на  општина Охрид   да се  обрати до Министерството за  екологија,  со  барање  за превземање на превентивни мерки   и активности  со цел спречување  на поморот на плашици во иднина;
-Се задолжува Градоначалникот  на  општина Охрид да побара  од   ЈНУ Хидробиолошки институт Охрид  информација со цел добивање  насоки  за препорачани и дозволени  флуктуации  на  нивото на  езерото и превземање на конкретни мерки во оваа  насока;
-Се задолжува Градоначалникот  во соработка со  ЕЛЕМ  Македонија  да  покрене  иницијатива  за  формирање  работна група   која  ќе даде писмени препораки за  надминување на постојната состојба и иницирање  на измени  на постојната законска регулатива од  оваа сфера;
-Се задолжува   Градоначалникот  согласно позитивните  правни прописи да превземе  мерки за  добивање на дозвола  за мелиоративен риболов од Министерството за  земјоделство, шумарство и водостопанство;
-Се  препорачува на надлежните служби  да  извршат ископ, проширување и продлабочување на  каналот  Студенчишта.

Градоначалникот Јован Стојаноски рече дека Локалната самоуправа неколку дена пред да се случи угинувањето на околу 500 килограми плашица писмено ги предупреди надлежните институции да преземат мерки, а количините на угинатата риба беше намалена бидејќи беа преземени низа активности во кои беа вклучени Јавните претпријатија „ Водовод“ , „ Нискоградба„  и „ Охридски комуналец“ .

Според градоначалникот Стојаноски, вакви и слични незгоди нема да има  по донесувањето на Планот за управување со Охридскиот регион , кој сега е во нацрт- верзија. Во планот прецизно ќе се регулираат обврските на сите субјекти кои се одговорни за долгорочно и ефикасно управување со природното и културното богатство на Охридскиот регион.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive