Романо Проди е добитник на Светската награда за хума... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 08 ноември 2018

romano1qq.jpgДобитник на Светската награда за хуманизам за 2019 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е Романо Проди, еден од водечките визионери и градители на европската идеја, екс-премиер на Италија и претседател на Европската комисија.

Професорот Проди е тринаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.  

Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Романо Проди истакна: „Исклучително сум почестен што Охридската академија на хуманизмот го вброи и моето име како добитник на оваа светска награда со огромен престиж, што досега била доделена на личности кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот. Со голема радост ви потврдувам дека ќе дојдам во Охрид за да го примам ова високо признание придружуван од мојата сопруга Флавија.“

Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 јануари 2019 година, наспроти големиот празник Богојавление, во куќата на Уранија на МАНУ. Пригодни беседи за Проди ќе одржат Јордан Плевнеш и Рикардо Бризи, професор на Универзитетот од Болоња. Во присуство  на амбасадорите на Европската унија, Италија,  Франција, Бугарија и Белгија, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ќе му ја врачи наградата на добитникот Проди, пред поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градиви на Охрид од Европа и градовите под покровителство на УНЕСКО.

 Истата вечер, со посебно признание ќе му биде одадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, кое што во текот на следната година ќе биде свечено поставено  на плоштадот „Долна Порта“. 

Последни измени ( четврток, 08 ноември 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive