Романо Проди е добитник на Светската награда за хума... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 08 ноември 2018

romano1qq.jpgДобитник на Светската награда за хуманизам за 2019 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е Романо Проди, еден од водечките визионери и градители на европската идеја, екс-премиер на Италија и претседател на Европската комисија.

Професорот Проди е тринаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.  

Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Романо Проди истакна: „Исклучително сум почестен што Охридската академија на хуманизмот го вброи и моето име како добитник на оваа светска награда со огромен престиж, што досега била доделена на личности кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот. Со голема радост ви потврдувам дека ќе дојдам во Охрид за да го примам ова високо признание придружуван од мојата сопруга Флавија.“

Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 јануари 2019 година, наспроти големиот празник Богојавление, во куќата на Уранија на МАНУ. Пригодни беседи за Проди ќе одржат Јордан Плевнеш и Рикардо Бризи, професор на Универзитетот од Болоња. Во присуство  на амбасадорите на Европската унија, Италија,  Франција, Бугарија и Белгија, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ќе му ја врачи наградата на добитникот Проди, пред поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градиви на Охрид од Европа и градовите под покровителство на УНЕСКО.

 Истата вечер, со посебно признание ќе му биде одадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, кое што во текот на следната година ќе биде свечено поставено  на плоштадот „Долна Порта“. 

Последни измени ( четврток, 08 ноември 2018 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Паско веќе не го бара гробот на Александар Македонски
pasko700pd.jpgПознатиот археолог Паско Кузман повеќе не го бара гробот на Александар Македонски, туку пишува обемна студија за археологија, заснована на неговото богато искуство од бројните археолошки истражувања,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.
Читај повеќе...
 
Компјутери за лица со оштетен вид и телесен хендикеп...
lica1ww.jpgОхридското Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“, во соработка со „Зегин“ аптеките, донираа два компјутери кои ќе бидат поставени во просториите на општина Охрид. Донираните компјутери се специјализирани за лица со оштетен вид и со телесен хендикеп.
Читај повеќе...
 
Промоција на проектот "Брендирање на туристички ...
brend1q.jpgСо скромна свеченост , денес пред инфо центарот, беше промовиран проектот “Брендирање на туристичките водичи на градот Охрид“.
Читај повеќе...
 
Општина:Известување на сите кои...
kod5a.jpgСе известуваат сите кандидати кои успешно ги поминаа првата и втората фаза на селекција( писмено тестирање и интервју) по јавниот повик за ангажирање на лица за формирање на тимови за подготовка на предлог проекти и нивна имплементација преку програмите на ЕУ дека третата фаза на селекција-ПРАКТИЧНА ИЗРАБОТКА НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ ќе се одржи во петок на 16/11/2018 година во 11:00 часот во малата сала за состаноци во Општина Охрид.
Читај повеќе...
 
Членки на "Бисера" во посета на старите лица во...
starib1q.jpgЖ.Ц. "Бисера" ја одбележа недела за грижа на стари лица со посета во Геријатрискиот оддел при Општа болница Охрид.Членки на "Бисера"  ги посетија старите лица и поминаа пријатно попладне во дружење.
 
Вработени во "Рамстор" даруваа крв
dariteli1q.jpgСвоето 13 годишно постоење и активна работа во Македонија, компанијата "Рамстор Македонија" го одбележа на хуман начин, како партнер на Црвен крст Охрид и Одделот за трансфузија во реализацијата на крводарителска акција.
Читај повеќе...
 
Велештанец запалил нива

pozar1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство пoднесе кривична пријава против М.В.(63) од струшкото село Велешта.

Читај повеќе...
 
Уште една крводарителска акција

ram1r.jpgЦрвен крст Охрид во партнерство со "Рамстор Македонија", а по повод 13 години од постоење на компанијата, денес 14.11.2018 година, во просториите на Одделот за трансфузија во Охрид организира крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, Дарувај крв„.

Читај повеќе...
 
Што кажа во својот отчет градоначалникот на Дебарца

nogaceski1qqd.jpg-Пред една година Ви ја презентирав својата визија, своето видување на Дебрца, како привлечно место за живеење и создавање.

И од првиот ден откако ми ја дадовте довербата, се зафатив со одговорна, чесна и домаќинска работа во насока на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните и оддржлив развој на нашата општина,кажа на почетокот од својот отчет за сработеното за едан година  градоначалникот на Дебарца Зоран Ногачески и продолжи:

Читај повеќе...
 
Груевски побaрал политички азил во Унгарија!?
orban300k.jpgОсудениот експремиер Никола Груевски пред малку напиша на Фејсбук дека се наоѓа во Будимпешта и побарал политички азил од унгарските власти,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive