Романо Проди е добитник на Светската награда за хума... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 08 ноември 2018

romano1qq.jpgДобитник на Светската награда за хуманизам за 2019 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е Романо Проди, еден од водечките визионери и градители на европската идеја, екс-премиер на Италија и претседател на Европската комисија.

Професорот Проди е тринаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.  

Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Романо Проди истакна: „Исклучително сум почестен што Охридската академија на хуманизмот го вброи и моето име како добитник на оваа светска награда со огромен престиж, што досега била доделена на личности кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот. Со голема радост ви потврдувам дека ќе дојдам во Охрид за да го примам ова високо признание придружуван од мојата сопруга Флавија.“

Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 јануари 2019 година, наспроти големиот празник Богојавление, во куќата на Уранија на МАНУ. Пригодни беседи за Проди ќе одржат Јордан Плевнеш и Рикардо Бризи, професор на Универзитетот од Болоња. Во присуство  на амбасадорите на Европската унија, Италија,  Франција, Бугарија и Белгија, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ќе му ја врачи наградата на добитникот Проди, пред поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градиви на Охрид од Европа и градовите под покровителство на УНЕСКО.

 Истата вечер, со посебно признание ќе му биде одадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, кое што во текот на следната година ќе биде свечено поставено  на плоштадот „Долна Порта“. 

Последни измени ( четврток, 08 ноември 2018 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Одбележана годишнината од смртта на Христо Узунов
odbel1q.jpgСо низа свечености општина Охрид ја одбележа годишнината од смртта на Христо Узунов. Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска и секретарот Игор Бежоски синоќа во ЦК “Григор Прличев” ја проследија централната свеченост по повод одбележувањето на патронатот на ОУ „Христо Узунов“.
Читај повеќе...
 
Библиотека:Признанија за денот на книгата
nagrad1q.jpgНа Светскиот ден на книгата и авторското право, Традиционално и НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид  и годинава се вклучи во неговото одбележување. Книгата е врска меѓу минатото и иднината.
Читај повеќе...
 
Милошески:Неопходна е реформа на јавната...

predo1q.jpgОхрид е посебно место и тој заслужува повеќе. Охрид заслужува напредок и резултати.Локална самоуправа со одлики на работа, чесност, отчетност и одговорност треба да биде лицето на градот,кажа на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник д-р Митре Милошески.

Читај повеќе...
 
Ансамблот "Ноктурно"одржа впечатлив концерт во...

nok1qd.jpgВо пресрет на големиот христијанскипразник Велигден, фестивалот „Охридско лето“ синоќа во црквата „Света Софија“ организира  голем Велигденски концерт  на кој настапи вокалниот ансамбл „Ноктурно“ од Белград, Република Србија. 

Читај повеќе...
 
Георгиески:Охрид ќе има две катни гаражи

kostan1q.jpg-Долги години наназад Охрид се соочува со недостиг на соодветен број на слободни паркинг места во шпицот на туристичката сезона, но и со недостиг на паркинг простор во урбаната зона, во текот на целата година. Оттука се наметнува потребата од  изградба на современи катни гаражи,вели кандидатот за градоначалник д-р Константин Георгиески,презентирајќи дел од својата предизборна програма.

Читај повеќе...
 
Семејна драма во Лескоец:син го нападнал...
svrohrid2q.jpgНа  дваесет и трети април  во 13 часот и 30 минути, В.П.(68) од Лескоец, телефонски во СВР Охрид пријави дека, со тврд предмет бил физички нападнат од неговиот син В.П.(29). 
Читај повеќе...
 
Исечени дрва кај музичкото училиште
iseceni1we.jpgВо дворот и околу основното музичко училиште „Методи Патче” во Охрид денес се исечени повеќе дрвја, што предизвика вознемиреност кај екологистите и охриѓани кои тука поминуваа,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.
Читај повеќе...
 
114 години од херојската смрт на Христо Узунов
polozi1ee.jpgДелегација на Општина Охрид, предводена од в.д. градоначалник, Константин Георгиески, денес присуствуваше во ОУ “Христо Узунов“, каде со историски час и полагање на свежо цвеќе пред бистата на револуционерот, започна годинашното одбележување на 114 годишнината од херојската погибија на охридскиот револуционер.
Читај повеќе...
 
Пијан вевчанец вознемирувал стружани
svrohrid2q.jpgВо Велгошти и Струга  имаше два инциденти,соопштија од СВР-Охрид.
Читај повеќе...
 
Георгиески:Ветуваме реални и остварливи проекти
kosta1er.jpg-Постојано работиме на проекти за намалување на разликите помеѓу градските и селските средини и нашата цел е да обезбедиме инфраструктура за сите. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински,вели кандидатот за градоначалник д-р Константин Георгиески,презентирајќи дел од својата предизборна програма.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive