Демократите најбројни во Претставничкот дом на САД PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 07 ноември 2018
demokrati1qq.jpgДемократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом по изборите за американскиот Конгрес, кои беа сфатени како своевиден референдум за досегашното владеење на претседателот Доналд Трамп.

Тие ќе имаат мнозинство во понискиот дом на Конгресот за првпат по осум години, што ќе им овозможи да ја попречуваат политиката на Трамп, но затоа се очекува републиканците да ја зацврстат својата позиција во Сенатот.

На првите избори по доаѓањето на Трамп во Белата куќа пред две години, Демократите ќе ги освојат потребните 23 места за да ја преземат контролата во Претставничкиот дом, со што ќе можат да почнат истраги за сите спорни прашања во администрацијата на Трамп и поефективно да ги блокираат нејзините предлог-закони, што првенствено се однесува на изградбата на ѕид долж мексиканската граница. Се проценува дека демократите ќе имаат 229, а републиканците 206 места во Домот, но конечните резултати допрва треба да се објават.

Александрија Окасио-Кортес влегува во Конгресот на 29 години, со што е најмлада во историја (Фото: Ројтерс)

Женските кандидати исто така остварија голем успех на изборите и се очекува во новиот состав да има рекорден број жени во Конгресот.

Со 29 години, демократката од Њујорк Александрија Окасио-Кортес треба да стане најмладата конгресменка во историја, демократките Илхан Олмар (Минесота) и Рашида Тлаиб (Мичиген) ќе станат првите муслиманки, а демократките Шарис Дејвидс (Канзас) и Дебра Халанд (Њу Мексико) првите домородни Американки избрани во Конгресот.

„Ви благодарам, утре ќе биде нов ден во Америка“, изјави лидерката на Демократската партија Ненси Пелоси на собирот во Вашингтон.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive