Конкурс за најпрестижните охридски признанија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 06 ноември 2018

Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува :

К  О  Н  К  У  Р  С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ  ОПШТИНСКА НАГРАДА  -
 ПАТРОН НА ГРАДОТ  „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ 

По повод 8-ми Декември - „Св.Климент Охридски“, градоначалникот на Општина Охрид  распишува  Конкурс за  доделување општинска  награда - Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2018 година.

Наградата  се  доделува за животно  дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.

Наградата Патрон на градот  „Св. Климент Охридски“се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.       

Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето. 

Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Пријавите да се доставуваат на адреса:    ул. „ Димитар Влахов“ бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“).

___________________________________________________________

Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување  празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ   ПОВЕЛБА -  
ПАТРОН НА ГРАДОТ  „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ 

По повод 8-ми Декември - „Св.Климент Охридски“, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија  распишува Конкурс за  доделување Повелба - Патрон на градот„Св.Климент Охридски“за 2018 година.

Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во  Република Македонија и во светот, во период од една година.

Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави: кратка биографија и образложение за какви остварувања  се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.

Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.

Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.

Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: Ул.„Димитар Влахов“ бр.57, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака„ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ„СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ).
 
Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive