Во поплавите во Мајорка загинале десет лица PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 10 октомври 2018
majorka1qq.jpgНајмалку десет луѓе, од кои двајца британски државјани, загинале во поплавите на шпанскиот остров Мајорка.

Голем бран на каллива вода ги потопи тесните улици на градот Сант Љоренс дес Кардасар, на источниот дел од островот, кој е најтешко погоден од поплавите, откако по поројни дождови се излеа река.

За соседните острови Ибица и Форментера, исто така, е издадено предупредување за поплави, бидејќи невремето се движи во нивна насока.

Итните служби досега ја потврдија бројката од десет загинати, но едно петгодишно дете се води како исчезнато. Меѓу загинатите е и британска двојка, која се удавила додека се возела со такси.

„Пливав 500 метри низ надојдената вода за да стигнам до мојата куќа“, кажа еден жител на Сант Љоренс дес Кардасар.

Три жртви се потврдени и во крајбрежниот град Сиљот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive