Охрид го одбележува 11 Октомври PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 10 октомври 2018
edin1q.jpgСо свечена  програма што  претпладнево се одржа во големата општинска сала започнаа прославите по повод одбележувањето на  11 Октомври- Денот на народното востание. Пригодно обраќање имаше градоначалникот на Охрид , Јован Стојаноски.

-Почитувани дами и господа, учесници во Народноослободителната војна, дозволете,  во името на Локалната Самоуправа на Општина Охрид, да Ви го честитам големиот празник на Македонскиот слободарски дух- 11 Октомври.Четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна, ги постави темелите на новата Македонска држава и го реализира многу вековниот сон на Македонскиот народ за создавање сопствена држава.Континтинуираната борба на македонскиот народ резултираше со формирање на самостојна и независна Република Македонија, како единствена државна територија на Македонскиот народ на овие немирни Балкански простори.Затоа, 11 Октомври, не преставува само придружување на македонскиот народ на светската антифашистичка коалиција, туку истовремено неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот сремеж на Македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и својата држава кон големото Светско семејство на народите.Во таа смисла, славни и неизбришливи се трагите на револуционерниот и бунтовен 11 Октомври 1941год., нашиот патоказ низ бурните времиња се до создавањето на сопствена држава.Денес, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор. Во сите периоди на своето опстојување, Охрид бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ, испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градењето на европската цивилизација. Во својот повеќе децениски слободарскиот од, градот доживува континуиран национален, социјален, културен и научен развој кои го продолжуваат неговиот сјај на културна и духовна метропола на македонскиот народ и воопшто на Сесловенскиот свет. И покрај сите специфики на времето во кое живееме, сложеноста на состојбите во кои се наоѓаме, градот успева да ја сочува својата одлика-да биде репрезент на целата македонска историја, традиција и култура.За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но, најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и  достоинствено  да се  одговори на предизвициите кои ги носи  иднината. Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври,  датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на  идниот националниот развој. Затоа овие датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои доаѓаат.  Почитувани борци, почитувани присутни, нека ни е честит и долговечен 11 Октомври, симболот на непокорот на македонскиот народ- истакна во своето обраќање градоначалникот, Стојаноски.

Во рамки на случувањето   историски час по повод празникот  одржа  Наце Иваноски од ОО на Сојузот на борци.

Чествувањата за 11 Октомври продолжуваат утре кога во 11 часот  делегации  од општина Охрид и останати претставници од јавниот и политички живот од градов ќе положат свежо цвеќе на Спомен обележјето од НОБ во градскиот парк, во дворниот простор на Основен Суд –Охрид и Економското училиште, „Св. Кирил и Методи“ и кај градски гробишта.  

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Библиотеката и "Аквариус" за Сара

biblio1ww.jpgНУ Библиотека „Григор Прличев“ и кафетеријата „Акварус“ заедно во хумана акција:

Читај повеќе...
 
Цвеќе пред бистите на охридските револуционери
revolu1ww.jpgПо повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Општина Охрид и на партиите ВМРО ДППМНЕ и ВМРО Народна партија,  пред спомениците на охридските револуционери Христо Узунов и Методи Патчев положија свежо цвеќе.
Читај повеќе...
 
Честитка од градоначалникот по повод 23 октомври
jovan1tt.jpgПо повод  23-ти октомври – Денот на македонската револуционерна борба, градоначалникот Јован Стојаноски упати честитка до граѓаните на Охрид и  Република Македонија.
Читај повеќе...
 
Мислете како да заработите,тргнете ја политиката за...
berza1ww.jpgВо време на големи политички превирања во земјава,има луѓе кои мислат на тоа како да заработаат пари,а политиката не ги интересира,или ја ставаат во втор план.Можност за тргување со нафта,злато и тоа  со мал почетен капитал од 100 или 200 долари нудат повеќе компании..Една од нив која може да стане ваш глобален партнер е и kapita.rs.Таму има луѓе кои се обучени за трговија на берзите и во секој момент се подготвени да помогнат преку Интернет комуникација.
Читај повеќе...
 
Хуманитарен маскенбал за Сара
maskenbal1w.jpgВо спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид вечерва се одржа првиот дел од хуманитарната акција за помош на Сара Настеска „Од мене, од тебе, од нас… за Сара“.
Читај повеќе...
 
Таткото на Сара:Благодариме

cesno1q.jpgНастески: Благодарни сме на државните институции, но специјализираната клиника во Германија гарантира висока успешност со низок ризик, што за нас како родители е пресудно.

Читај повеќе...
 
Во "Хеван" секое испиено кафе е донација за Сара
kafe400p.jpgВо широката акција за пририбање средства за лекување на нашата сограѓанка Сара Настеска се вклучи и познатото охридско кафуле "Хеван".
Читај повеќе...
 
Едно лице загина четири повредени во сообраќајка кај...

policija11.jpgЕдно лице го загуби животот а четири имаат тешки телесни повреди, по сообраќајната незгода што утрово во 01 часот и 25 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на манастирот „Св.Еразмо“.

Читај повеќе...
 
Велештанец се заканил дека ќе активира бомба

bomba100f.jpgПоради сторени казнени дела „насилство“ и „спречување на овластени службени лица при вршење на службени дејствија“, на 19 октомври оваа година околу 19 часот и 30 минути, пред казино лоцирано на улицата Маршал Тито“ во Струга приведен е П.К.(45) од струшкото село Велешта.

Читај повеќе...
 
Хуманитарен хепенинг за Сара
zasara1w.jpgСо цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест, во училишната сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела со почеток во 19 часот ќе се организира хуманитарен маскенбал по повод Halloween за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive