Велосипедски тури околу Охрид |
|
|
|
среда, 10 октомври 2018 |
Овој викенд, од 12-ти до 14-ти октомври, ќе се одржи првото издание на Taste Ohrid 2018
каде учесниците ќе имаат можност да се вклучат во велосипедски тури
низ прекрасните предели на националниот парк Галичица и околу Охридското
езеро организирани од ЕкоДром Охрид, како и да вкусат дел од
специјалитетите на врвни светски и локални шефови.
Првата велосипедска тура „Tour the lake, respect the lake” која ќе се одржи на 13-ти октомври
со почеток од 09:00 часот ќе се одвива по крајбрежјето на најголемиот
базен во светот со питка вода и најстарото и најдлабокото езеро во
Европа – прекрасното Охридско езеро. Патеката е долга преку 90
километри, а велосипедската тура е со времетраење од 5-6 часа.
Љубителите на планинскиот велосипедизам пак, на 14-ти октомври ќе можат да уживаат во „Spiridon Adventure“.
Турата започнува во 09:00 со искачување по асфалт до село Велестово.
Планирано е велосипедистите да поминат низ висорамнините на Дофа и
Шарбојца, па сѐ до Суво Поле каде од лева страна се отвора поглед кон
Преспанското езеро. Патеката продолжува до превојот Баба, Трпејчкото
Поле и Пештани, Елшани, Коњско, село Шипокно, Рача па на крај до Охрид.
Вкупната должина на планинскиот маратон е 53 км со севкупна елевација
од 1953 метри. Авантурата низ планинскиот масив на Галичица се
предвидува да одземе не повеќе од 6 часа.
Настанот „Taste Ohrid 2018“ е организиран од Општина
Охрид и ЕДЕН – туристички кластер за југо-западна Македонија, а
поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната
вработливост.
Повеќе информации и пријавување за велосипедските тури на официјалната веб страна www.tasteohrid.mk
|