Пепукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 08 октомври 2018
ohrid3w.jpgДенес беше ден кога и ОО на СДСМ -Охрид и ОК на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија се препукуваа за актуелните состојби во градот и во државата.Соопштенијата ги пренесуваме во целост како што пристигнуваа.

 Што кажаа од ОО на СДСМ-Охрид:

Превртувањето на тези и барање на виновникот за состојбите во државата биле и натаму се специјалитет на опозициската ВМРО ДПМНЕ  на централно а со тоа и на локално ниво.

ВМРО ДПМНЕ и преку денешното обраќање на членот  на Извршниот комитет Кирил Пецаков сака граѓаните да ги помине „жедни преку езеро“ и лесно да заборават што правеа врхушката на партијата и нивните следбеници над една деценија апсолутна власт во државата и во Охрид.

СДСМ секогаш се виновни а тие – ВМРО ДПМНЕ секогаш во право.

Тие ја сакаат државата а ние НЕ.   

ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна опозиција со своето делување и кога беа власт повеќе од очигледно е дека во преговорите со Грција околу проблемот со името и во аспирациите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ зборуваа едно пред светот а друго правеа дома. Свесно со антиквизацијата и со ред други преземања преговoрите ги турнаа во амбис  а државата во тешка изолација.

Политиката,  еден чекор напред  два назад ја осуети целиот демократски свет кој застана зад СДСМ и коaлицијата која сака Македонија конечно да излезе од ќорсокакот  во кој беше.

Конечно нивната погубна политика за државата беше казнета на паралеметарните избори и потоа на локалните а всушност и сега 610 000 гласови ЗА на Референдумот значат победа на граѓаните кои докажаа дека се’ за Македонија да продолжи по патот на прогресот и  членството во НАТО и ЕУ.

Податоците од Државната изборна комисија го велат следното:

Во Охрид на референдумот излегле вкупно: 16 293 граѓани. Од нив дури 14 401 гласале ЗА а против биле 1294 гласачи и имало 598 неважечки ливчиња.

Нормално е, кога сте власт не можете одеднаш да имате волшебно стапче и да решите се’. Референдумот беше граѓански и консултативен а не обврзувачки.   

После пустошот тешко и’ е на СДСМ насекаде и на централно и на локално ниво да ја доведе државата во нормала.  Се оди според законите и се почитува дигнитетот на секој граѓанин.

Притисоците, заканите и уцените од партиски лица се специјалитет тому на нивното владеење.

Криминалот во највисоките редови на нивните политичари полека се докажува пред институциите на системот – таму каде што му е местото во судството. Токму тоа судство кое беше урнисано до темел од нивна страна.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ:

 

СДСМ продолжува со лажниот триумфализам и се удира во гради потценувајќи ги охриѓани во речиси секоја сфера на општественото живеење, додека пак резултатите ја покажуваат вистинската слика.

Дали самите се свесни за својата матрицата на делување во која се вградени лагите, манипулациите и националното предавство?

Ако СДСМ сериозно се замисли за досега спроведените политики кои директно ги засегаат охриѓани, тогаш ќе сфати дека за секој чесен сограѓанин најважно е неговото човечко достоинство и националната гордост.

Дали за СДСМ беше важно преку огромна сума на пари - обезличување на граѓаните?

Факт е дека договорот со Грција не доби поддршка од охриѓани. Охриѓани не ги скршија, ниту уцените, ниту заканите, ниту јавувањата на директорите по институции, ниту правените списоци и малтретирања.

СДСМ нели мисли дека за сето тоа ќе дојде време кога ќе одговараат за малтретирањето на народот?

За ВМРО-ДПМНЕ секогаш членството во ЕУ и НАТО е стратешка цел, но со достоинство и гордост на народот преку зачувување на нашето уставно име и нашиот идентитет.

Зошто СДСМ и Јован Стојаноски ги игнорираат проблемите на охриѓани и немаат никакви идеи за решавање на нивните реални потреби и проблеми?

Згора на тоа и се правдате со немање волшебно стапче. Вашата неспособност сакавте да ја затскриете со продажбата на македонските национални интереси. Токму таа неспособност охриѓани ја препознаа со тоа што не можете да ги решите нивните проблеми.

Охриѓани знаат дека кога Вие сте на власт немаат сигурна безбедност, владеење на правото не постои, нема реформи во образованието, уништена е економијата, здравството се распаѓа, нема инфраструктурни проекти. Охрид само тоне!

Одговорете си пред самите себе дали сте казнети во Охрид со губење на речиси 4000 илјади гласови и тој тренд на опаѓање на поддршката продолжува?

Ако охриѓани чекаат на палките од Зоран Заев, за да се стигне до ЕУ и НАТО тогаш навистина никогаш не ќе бидат пренесени преку езерото, а Македонија со оваа Власт уште долго ќе чека да биде држава со европски принципи.

ВМРО-ДПМНЕ Ви порачува дека како локална власт, а не опозиција треба да сфатите дека со вашите политики најголеми губитници се граѓаните на општина Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде со народот, на страната на правдата и на Македонија!

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive