Пепукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 08 октомври 2018
ohrid3w.jpgДенес беше ден кога и ОО на СДСМ -Охрид и ОК на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија се препукуваа за актуелните состојби во градот и во државата.Соопштенијата ги пренесуваме во целост како што пристигнуваа.

 Што кажаа од ОО на СДСМ-Охрид:

Превртувањето на тези и барање на виновникот за состојбите во државата биле и натаму се специјалитет на опозициската ВМРО ДПМНЕ  на централно а со тоа и на локално ниво.

ВМРО ДПМНЕ и преку денешното обраќање на членот  на Извршниот комитет Кирил Пецаков сака граѓаните да ги помине „жедни преку езеро“ и лесно да заборават што правеа врхушката на партијата и нивните следбеници над една деценија апсолутна власт во државата и во Охрид.

СДСМ секогаш се виновни а тие – ВМРО ДПМНЕ секогаш во право.

Тие ја сакаат државата а ние НЕ.   

ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна опозиција со своето делување и кога беа власт повеќе од очигледно е дека во преговорите со Грција околу проблемот со името и во аспирациите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ зборуваа едно пред светот а друго правеа дома. Свесно со антиквизацијата и со ред други преземања преговoрите ги турнаа во амбис  а државата во тешка изолација.

Политиката,  еден чекор напред  два назад ја осуети целиот демократски свет кој застана зад СДСМ и коaлицијата која сака Македонија конечно да излезе од ќорсокакот  во кој беше.

Конечно нивната погубна политика за државата беше казнета на паралеметарните избори и потоа на локалните а всушност и сега 610 000 гласови ЗА на Референдумот значат победа на граѓаните кои докажаа дека се’ за Македонија да продолжи по патот на прогресот и  членството во НАТО и ЕУ.

Податоците од Државната изборна комисија го велат следното:

Во Охрид на референдумот излегле вкупно: 16 293 граѓани. Од нив дури 14 401 гласале ЗА а против биле 1294 гласачи и имало 598 неважечки ливчиња.

Нормално е, кога сте власт не можете одеднаш да имате волшебно стапче и да решите се’. Референдумот беше граѓански и консултативен а не обврзувачки.   

После пустошот тешко и’ е на СДСМ насекаде и на централно и на локално ниво да ја доведе државата во нормала.  Се оди според законите и се почитува дигнитетот на секој граѓанин.

Притисоците, заканите и уцените од партиски лица се специјалитет тому на нивното владеење.

Криминалот во највисоките редови на нивните политичари полека се докажува пред институциите на системот – таму каде што му е местото во судството. Токму тоа судство кое беше урнисано до темел од нивна страна.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ:

 

СДСМ продолжува со лажниот триумфализам и се удира во гради потценувајќи ги охриѓани во речиси секоја сфера на општественото живеење, додека пак резултатите ја покажуваат вистинската слика.

Дали самите се свесни за својата матрицата на делување во која се вградени лагите, манипулациите и националното предавство?

Ако СДСМ сериозно се замисли за досега спроведените политики кои директно ги засегаат охриѓани, тогаш ќе сфати дека за секој чесен сограѓанин најважно е неговото човечко достоинство и националната гордост.

Дали за СДСМ беше важно преку огромна сума на пари - обезличување на граѓаните?

Факт е дека договорот со Грција не доби поддршка од охриѓани. Охриѓани не ги скршија, ниту уцените, ниту заканите, ниту јавувањата на директорите по институции, ниту правените списоци и малтретирања.

СДСМ нели мисли дека за сето тоа ќе дојде време кога ќе одговараат за малтретирањето на народот?

За ВМРО-ДПМНЕ секогаш членството во ЕУ и НАТО е стратешка цел, но со достоинство и гордост на народот преку зачувување на нашето уставно име и нашиот идентитет.

Зошто СДСМ и Јован Стојаноски ги игнорираат проблемите на охриѓани и немаат никакви идеи за решавање на нивните реални потреби и проблеми?

Згора на тоа и се правдате со немање волшебно стапче. Вашата неспособност сакавте да ја затскриете со продажбата на македонските национални интереси. Токму таа неспособност охриѓани ја препознаа со тоа што не можете да ги решите нивните проблеми.

Охриѓани знаат дека кога Вие сте на власт немаат сигурна безбедност, владеење на правото не постои, нема реформи во образованието, уништена е економијата, здравството се распаѓа, нема инфраструктурни проекти. Охрид само тоне!

Одговорете си пред самите себе дали сте казнети во Охрид со губење на речиси 4000 илјади гласови и тој тренд на опаѓање на поддршката продолжува?

Ако охриѓани чекаат на палките од Зоран Заев, за да се стигне до ЕУ и НАТО тогаш навистина никогаш не ќе бидат пренесени преку езерото, а Македонија со оваа Власт уште долго ќе чека да биде држава со европски принципи.

ВМРО-ДПМНЕ Ви порачува дека како локална власт, а не опозиција треба да сфатите дека со вашите политики најголеми губитници се граѓаните на општина Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде со народот, на страната на правдата и на Македонија!

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Во Поградец претставена опрема за безбедност на вода
obu1q.jpgВо пограничниот град Поградец денес беше презентирана опрема за безбедност на вода.
Читај повеќе...
 
Со филмска проекција одбележан "Денот на ретки болести
ret1a.jpgПо повод обележувањето на „Денот на ретки болести 2019 “ ,како дел од активностите на Националната алијанса за ретки болести на Р.Македонија ,во 18 часот во Амфитеатарот на Институтот за филм - Филмска Академија Охрид, се одржа проекција на филмот„ Лицата на Лафора“ од режисерот Денис Бојиќ.
Читај повеќе...
 
Се бетонира струшкиот брег, предупреди Охрид СОС
betonira1q.jpgПродолжува самоволието на поединци, на кои не им пречи притисокот од јавноста, па на одредени парцели меѓу Струга и Калишта тампонираат, поставуваат бетонски огради и палат трска и друга вегетација среде ден, а на повеќе локации се депонира и градежен шут, реагираат од Охрид СОС.
Читај повеќе...
 
Концерт на руската пијанистка Чочиева во "Света Софија

zlata1q.jpgМладата руската пијанистка со светска слава, Злата Чочиева,на 3 март ќе одржи концерт во рамките на фестивалската програма на Охридско лето како дел од настаните кои од годинава ги организира фестивалот надвор од стандардниот термин 12 јули- 20 август. Концертот  ќе се одржи во црквата Света Софија со почеток од 18 часот.

Читај повеќе...
 
Изгореле лешникови насади во Вевчани

lesnici1q.jpgВчера, околу 11 часот, во месноста „Суво поле“, атар на општина Вевчани, случен е пожар, во кој, на една парцела целосно изгореле 100 насади од лешник  и околу 2000 м квадратни земјоделска површини.


Читај повеќе...
 
Отежнат сообраќај на неколку охридски улици
ohrid3w.jpgОпштина Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид и сите возачи на мотрни возила дека на дел од атмосферската канализациoна мрежа на крстосницата помеѓу улиците “7-ми Ноември“ и “Егејска“ во Охрид, настанат е дефект. Од тие причини ЈП “Нискоградба“ од Охрид согласно изготвениот план за работа во период од 22.02.2019 година до 24.02.2019 ќе врши санација на истата. Во тој период сообраќајот на тој дел од крстосницата и на двете улици кои ја формираат истата ќе се одвива во отежнати услови.
Читај повеќе...
 
Во Студенчишкиот канал уловен е златен карас
ka1w.jpgВо каналот Билјанини Извори во Охрид попладнево уловен е златен карас, риба која е неавтохтона за Охридското Езеро и која може да направи хаос во живиот свет во него. Златниот карас го уловил спортски риболовец на јадица,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.
Читај повеќе...
 
Пушкин меѓу охридските основци

milco1q.jpgВчера во НУ Библиотека  „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид се одржи средба со ученци од Основното училиште „Христо Узунов“ со што  се одбележаа 182 годишнината од смртта и 220 годишнината од раѓањето на големиот руски писател и поет Александар С. Пушкин.

Читај повеќе...
 
Физички нападната 68 годишна охриѓанка

nasilnik1ww.jpgНа 21 февруари во 05 часот и 50 минути, на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид, К.М. (68) од Охрид, физички била нападната, од засега непознато машко лице. Притоа, и ја одзел ташната во која имало околу 8000,оо денари, лични документи и еден мобилен телефон марка „Хуавеј“.

Читај повеќе...
 
Пожарот во Требеништа е локализиран
trebenista1w.jpgВечерва избувна пожат во атарот на селото Требеншта.Пламената стихија е локализирана,а причинета е само материјална штета.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive