Груевски вели дека се врши политички прогон кон него PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 05 октомври 2018
sudski1ww.jpgПоранешниот премиер Никола Груевски тврди дека е жртва на политички прогон, откако Апелациониот суд денеска му ја потврди двегодишната затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“. Зборувајќи на пауза од судењето за предметот на СЈО „Титаник“, каде е еден од обвинетите за злосторничко здружување и изборни нерегуларности, Груевски најави дека ќе ги искористи сите правни лекови за да ја оспори одлуката на Основниот суд Скопје 1, потврдена од Апелациониот суд.

„Станува збор за политички прогон, за политички монтиран процес, единствена промена е што одложија за по референдумот. Тоа е тоа. Сите правни лекови ќе се искористат. Има толку многу докази, што нема потреба од нови докази. Станува збор за обвинение дека сум влијаел да се купи возило, со цел, покрај другите и јас да сум се возел во него“, изјави Груевски.

Лице осудено со правосилна пресуда на над една година затвор, според законот, може да бара до Врховниот суд преиспитување на правосилната пресуда со вонреден правен лек. Но, Врховниот суд, односно петчлениот кривичен совет каде на чело е Јово Вангеловски, не може да одлучи веднаш, туку треба првин да побара мислење од Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

Праксата, велат во Врховниот суд, е во вакви случаи процедурата да трае и до четири па и пет месеци. Ако во меѓувреме нема некоја причина од сериозни здравствени проблеми, одлуката за извршување на затворската пресуда се спроведува веднаш, без оглед дали осуденото лице се обраќа до Врховниот суд со вонреден правен лек.

Затворската казна за Груевски е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“, кое тие не можеле да го одбијат зашто им бил шеф, премиер.

Извор:Сакам да кажам

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive