М.Рот од Охрид:Испишувате европска историја PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 14 септември 2018
rotm1qq.jpgДржавниот министер за Европа при германското министерство МНР Михаел Рот денес на интерактивната дебата во Охрид рече дека Македонија испишува историја, не само национална туку и европска. Со Договорот потпишан со Грција за надминување на разликите околу името имаме уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО, рече тој.

Интерактивната дебата „Македонија на патот на ЕУ“ се одржа на Античкиот театар во Охрид во присуство на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

„Сакам да ги охрабрам луѓето во вашата прекрасна земја да ја прифатат оваа историска можност. Доколку го поддржите договорот, тоа ќе биде значаен знак дека Македонците се силно посветени на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството, тие ќе станат круцијален дел на обединета Европа. Мора да ја продолжиме нашата соработка, нашето пријателство, заедничките обврски, така што сум голем оптимист во таа насока“, нагласи Рот.

Министерот Никола Димитров рече дека посетите на канцеларката Ангела Меркел, денешната посета на Рот, како и веќе најавените посети на неговиот германски колега, како и министерката за одбрана, се потврда на силниот интерес на Германија за Македонија конечно да застане на нозе и да зачекори напред.

„На 30 септември имаме голема, историска крстосница. Мислам дека ќе успееме, влогот е голем, пораките се јасни, никој не знае дали оваа наша генерација ќе има следна шанса. Јасно е дека Договорот тешко поминува и во Грција тоа значи дека е одвај најден заеднички јазик. Ние сме Македонци, зборуваме на македонски јазик. Вчера премиерот во Стразбур за првпат се обрати на македонски јазик, доби овации. И ако вчера Европарламентот стана на нозе за европска Македонија, ние ќе станеме на нозе за истата кауза и на 30 септемви“, вели министерот Никола Димитров.

Димитров се осврна и на односот на најголемата опозициска партија околу референдумското изјаснување.

„Десет години да зборувате за референдум и на секое можно прашање да велите дека кога ќе најдеме заеднички јазик со Грција ќе ги прашаме граѓаните, а потоа повторно да немате јасен став, тоа е бегање од одговорност и бегање од соочување со волјата на народот. Што не е добро за партија што често се дрзнува за зборува во име на народот. Народот зборува преку гласање“, кажа Димитров по однос ставот на најголемата опозициска партија околу претстојното референдумско изјаснување.

Во врска со македонските национални кодови, Димитров рече дека тие остануваат и „МК“ и „МКД“.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive