М.Рот од Охрид:Испишувате европска историја PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 14 септември 2018
rotm1qq.jpgДржавниот министер за Европа при германското министерство МНР Михаел Рот денес на интерактивната дебата во Охрид рече дека Македонија испишува историја, не само национална туку и европска. Со Договорот потпишан со Грција за надминување на разликите околу името имаме уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО, рече тој.

Интерактивната дебата „Македонија на патот на ЕУ“ се одржа на Античкиот театар во Охрид во присуство на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

„Сакам да ги охрабрам луѓето во вашата прекрасна земја да ја прифатат оваа историска можност. Доколку го поддржите договорот, тоа ќе биде значаен знак дека Македонците се силно посветени на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството, тие ќе станат круцијален дел на обединета Европа. Мора да ја продолжиме нашата соработка, нашето пријателство, заедничките обврски, така што сум голем оптимист во таа насока“, нагласи Рот.

Министерот Никола Димитров рече дека посетите на канцеларката Ангела Меркел, денешната посета на Рот, како и веќе најавените посети на неговиот германски колега, како и министерката за одбрана, се потврда на силниот интерес на Германија за Македонија конечно да застане на нозе и да зачекори напред.

„На 30 септември имаме голема, историска крстосница. Мислам дека ќе успееме, влогот е голем, пораките се јасни, никој не знае дали оваа наша генерација ќе има следна шанса. Јасно е дека Договорот тешко поминува и во Грција тоа значи дека е одвај најден заеднички јазик. Ние сме Македонци, зборуваме на македонски јазик. Вчера премиерот во Стразбур за првпат се обрати на македонски јазик, доби овации. И ако вчера Европарламентот стана на нозе за европска Македонија, ние ќе станеме на нозе за истата кауза и на 30 септемви“, вели министерот Никола Димитров.

Димитров се осврна и на односот на најголемата опозициска партија околу референдумското изјаснување.

„Десет години да зборувате за референдум и на секое можно прашање да велите дека кога ќе најдеме заеднички јазик со Грција ќе ги прашаме граѓаните, а потоа повторно да немате јасен став, тоа е бегање од одговорност и бегање од соочување со волјата на народот. Што не е добро за партија што често се дрзнува за зборува во име на народот. Народот зборува преку гласање“, кажа Димитров по однос ставот на најголемата опозициска партија околу претстојното референдумско изјаснување.

Во врска со македонските национални кодови, Димитров рече дека тие остануваат и „МК“ и „МКД“.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Реновиран ученичкиот дом кај "Ванчо Питошески"
reno1qq.jpgВо ученичкиот дом кој работи во склоп на „ОУТУ „Ванчо Питошески“ , беа реализирани низа активности за реновирање и доопремување. Со зафатите беа опфатени промена на вратите од собите, заменети се старите плакари и поставени нови, набавени се 120 нови кревети и душеци, додека  ресторанот се опремен со нови ресторански маси и столчиња.
Читај повеќе...
 
Кавга меѓу тројца охриѓани на "Прилепска"

svrohrid2q.jpgНа седумнаесетти април оваа година околу 15 часот и 30 минути, на улицата „Прилепска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање помеѓу Д.Ф.(41), К.Ф.(33) и Џ.Ф.(48), сите од Охрид.

Читај повеќе...
 
Георгиески:Охрид ке добие нов кеј,обезбедени се...

kejotk1.jpg-Кејот „Македонија" на брегот на Охридското Езеро во Охрид, со својата природна местоположба е една од главните атракции, најфреквентните и најпосакувани места за охриѓани и за туристите, кои секојдневно го посетуваат нашиот туристички центар,рече на почетокот на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник д-р Константин Георгиески

Читај повеќе...
 
Нанче:Докторите се убави луѓе,ама...

nan1w.jpg-30 години да те мамат и да веруваш дека за нив ќе гласаш?! Докторите си се убави луѓе, ама товар имаат одозгора ставен и од едната и од другата партија- НА НЕЧЕСНОСТ,напиша Мохаил Трендафилов-Нанче на својот фејбук профил.

 

Читај повеќе...
 
Исчистена пумпната станица "Канео"
pumpna1wdd.jpgОдделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „ Нискоградба“ , изврши чистење на пумпната станица  „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти . Поради непристапниот терен машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење.
Читај повеќе...
 
Велигденски концерт на "Ноктурно" во "Света Софија"

nokturno1we.jpgВо рамките на дополнителната програма на Охридско лето а по повод големиот христијански празник Велигден на 23-ти април во катедралната црква Св. Софија ансамблот „Ноктурно“ од Србија ќе одржи концерт на духовна музика.

Читај повеќе...
 
Георгиески:На Охрид му е потребен нов Здравстевн дом

nov1wee.jpg-Долги години наназад просторните услови во примарниот здравствен сектор во Охрид се во многу лоша состојба. Објектите каде што се сместени службите за примарна здравствена медицина се многу амортизирани и веќе не ги задоволуваат основните стандарди кои треба да ги поседуваат објектите за ваква намена,рече на почетокот од денешната прес конференција кандидатот за градоначалник д-р Константин Георгиески.

Читај повеќе...
 
Милошески:Изградба на нов плоштад Студенчишта

mit1000gg.jpg-Охрид мора да е убав, да функционира. Охрид не смее да биде заборавен, ниту запоставен.Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет. Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот,рече на денешната прес конференција кадидатот за градоначалник д-р Митре Милошески.

Читај повеќе...
 
Нанче се сретна со жителите на Куратица
kuraticanance1q.jpgСиноќа во селото Куратица, кандидатот на ГДУ, Михаил Трендафилов- Нанче имаше средба со мештаните, на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од ова место.
Читај повеќе...
 
Недела на солидарност со социјално загрозените...
nedela1wee.jpgВо рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 15 - 21 април 2019 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ - ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, , со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за  обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive