Изгор влезници за концерот на Рамацоти во Скопје PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 13 септември 2018
eros1qq.jpgДенес  во 9 часот наутро беа  пуштени во продажба влезниците за концертот на светски познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти во Скопје, закажан за на 30 септември 2019 година.Концертот ќе се одржи во ВИП Арената „Борис Трајковски“, во организација на „Авалон продукција“.

Влезницата за во партер чини 1.990 денари, за во фант пит 2.990 денари (само 1.000 влезници), за во трибина (блок 1 и 15)- 2.500 денари.
За во блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14 има силвер ситс и тие чинат по 2.990 денари, а голден ситс има во блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12 и тие чинат по 3.990 денари.

Билетите ќе може да се купат онлајн преку авалон.мк, а за истите ќе има и продажа мрежа за Македонија и Косово на повеќе продажни места, како на пример: „Југотон“, Тера Травел и ТА Метфил во Скопје.

Концертот во Македонија е во склоп на неговата светска турнеја „Животот е таму“ , која ќе почне во февруари од Монако. Турнејата е именувана по неговиот нов албум, кој ќе излезе на 23 ноември, на италијански и на шпански јазик.

„Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија“, најавува „Авалон“.

Педесет и петгодишниот пејач и текстописец, еден од најпопуларните италијански музичари има издадено 17 албуми на италијански јазик и 13 албуми на шпански јазик. Во богатата кариера досега продал повеќе од 50 милиони примероци.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive