Стојаноски бара минимум политичка култура од ВМРО PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 12 септември 2018

jovan1tt.jpgИако во целост можам да го разберам очајот на ВМРО ДПМНЕ, сепак, сметам дека треба да се има барем минимум политичка култура и да не се манипулира со лаги и полувистини, а само со една и единствена цел, собирање ситни дневнополитички поени.

Луѓето кои четири и пол години, додека беа локална власт и цели дванаесет години додека беа централна власт, буквално, една шајка не инвестираа во образовните институции во Охрид, без трошка срам, за тоа ме обвинуваат мене.

Исто така, на вчерашната Ваша, такавикана прес-конференција, ме обвинивте дека не сум распишал тендер за превоз на ученици.

Господине претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид, пошто сте се нафатиле да се занимавата со политика, тогаш Ве замолувам, ако не Вие, барем задолжете некого да ја следи работата на Собранието на РМ.

Овојпат, само сега, не повеќе, јас ќе ве информирам: На трети септември, по скратена постапка, Собранието на РМ донесе дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Според новиот член 22-б: Бесплатниот превоз на ученици, утврден со Законот за основното образование и со Законот за средното образование, на подрачјата на општините каде што има утврден возен ред се врши од страна на носителите на дозвола за општински линиски превоз, по цени и на начин утврдени од советите на општините.

Според новиот член 27-б: Бесплатниот превоз на ученици утврден со Законот за основното образование и со Законот за средното образование, на подрачјата на две или повеќе општини каде што има утврден возен ред во рамки на меѓуопштинскиот линиски превоз, се врши од страна на носителите на дозвола за меѓуопштински превоз, по цени утврдени од превозниците, а кои не можат да бидат повисоки од цените на останатите патници.

Ова, почитуван претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид, значи дека не треба повеќе да се рапишуваат тендери за превоз на ученици.

На крај, ме обвинувате дека немало тендер за нафта.

Господине Донев, грејната сезона започнува на петнаесетти октомври, да немате никакви грижи, постапката за набавка до тогаш ќе биде целосно завршена.

Со почит,

Д-р Јован Стојаноски, градоначалник на Општина Охрид

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive