Хуманитарна акција "За посреќно детство" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 12 септември 2018

humana1ww.jpgЦрвен крст Охрид ја најавува традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција  „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која ќе се реализира на 29 септември 2018 г. Овој настан кој е со широко општествено значење, ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од плоштадот „Крушевска република-Чинар“, а цел на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди.

Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 30 денари. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата, ќе бидат наменети за помош на децата со здравствени потешкотии од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Секој кој ќе купи учеснички број ќе има можност да се натпреварува во бројни спортски дисциплини: фудбал, баскет, одбојка, ракомет, тенис, бадминтон, шах, пикадо, хокеј на трева, возење велосипед, аеробик и друго, со што станува потенцијален добитник на награда во големата наградна игра со преку 50 вредни награди (седумдневно зимување на Златибор, петдневен престој во Крагујевац, петдневен престој во Суботица, викенд во Крушево, курсеви за странски јазици, компјутерска галантерија и др.) кои ќе бидат извлекувани во живо на една од локалните телевизии.

Традиционален партнер на акцијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ Стоматолошки Центар Д-р Баткоски и оваа година подготви голем број награди и изненадувања, како и бесплатни корисни совети и препораки за правилна  грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните, а настанот е поддржан и од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт.

Продажбата на учесничките броеви е веќе во тек.  Мобилните тимови на волонтери на Црвен крст Охрид ќе бидат достапни со учесничките броеви на повеќе пунктови во градот, а учесничките броеви ќе можат да се набават и во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52.




 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive