Стојановски на средба во Подградец PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 11 септември 2018
podg1we.jpgГрадоначалникот на Охрид,  Јован Стојаноски, заедно со директорот на МЈП “Проаква” Владимир Алексијески и претставници на Хидробиолошкиот завод од Охрид, зедоа учество на состанокот, кој во рамките на Дримскиот процес се одржува во Поградец, Албанија.

На состанокот, на кој се дискутираше околу подготовката на заедничкиот менаџмент План за сливот на Охридското Езеро, покрај охридскиот градоначалник, присуствуваше и градоначалникот на Поградец Едуард Капри, како и Дејан Пановски, национален координатор на ГЕФ Дримскиот проект.

Кон средината на мај во Охрид беше презентиран веќе изработениот почетен извештај за изработка на планот за управување со сливот и беа посочени принципите и чекорите за изработка на самиот План за управување.

Изготвувањето на планот за управување со сливот на Охридското Езеро,  како алка која недостасува беше потенциран и на Петтата Конференција на заинтересираните страни за управување со Дримскиот басен, што во месец ноември минатата година се одржа во Подгорица, Црна Гора. Со овие чекори кои се превземаат, се реализира компонента која е од голема важност за управувањето со ресурсите со кои располага поширокиот регион на Охридското езеро.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive