Параглајдерист од Украина паднал на Галичица |
|
|
|
четврток, 09 август 2018 |
Вчера во 14,50 часот
во СВР Охрид, од вработени во Националниот парк „Галичица“, пријавено е дека на
планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер.
Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид,, веднаш е упатена на
посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната
медицинска помош. На местото бикано „Баба“,во контактибилна состојба е затекнато
лицето О.В. ( 37) од Киев-Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од
засега неутврдени причини,изгубил висина и паднал. Тој, е пренесен во болницата
Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на
понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител, Зоран увид на местото
на настанот извршија екипи на СВР Охрид.
|
Последни измени ( четврток, 09 август 2018 )
|