Колекторот работи со 30 насто од капацитетот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 12 јули 2018
kolektor1ww.jpgДиректорот на охридска „Про Аква“ Владимир Алексиески вели дека колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро од отпадни и загадени води е во хаотична состојба и работи само со 30 отсто од вкупниот капацитет,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажакм.

Директорот на ова јавно претпријатие има и порака за граѓаните, вели дека летово и покрај сите проблеми езерото ќе биде чисто.

„Ако треба јас прв ќе се напијам вода од езерото за да види јавноста дека езерската вода е чиста“.вели Алексиески.

Во „Про Аква“ не кријат дека се загрижени за состојбата во колекторскиот систем и велат дека во скоро време очекуваат финансиска по помош и од владата за негова санација. Тие посочуваат и на големата неодговорност на претходното раководство.

„Пред некоја година беше добиен грант од Швајцарија во износ од 960 илјади франци за репарирање на редукторите на пумпните станици. Меѓутоа поради немарност тие се речиси уништени и затоа е смален капацитетот на колекторот за пренесување на нечистата вода до пречистителната станица во Враништа кај Струга, Во редукторите навреме или воопшто не било ставано масло за нивно подмачкување поради што тие прегореле“, вели директорот на „Про Аква“ Владимир Алексиески.

Алексиески на 27 мај најави значаен зафат за подобро функционирање на колекторскиот систем, со употреба на роботизирани машини.

„Една хрватска фирма ни понуди да го реши пробллемот. Тие имаат роботизирани машини ќе го чистат цевководот на најзагрозените делови на колекторот кај Подмоље, Лагадин. Откако роботи ќе го исчистат цевководот во постојните цевки ќе се вметнат нови цевки со што ќе се зголеми пропусната моќ на системот. Ќе се чисти од шахта до шахта. Оваа фирма сличен ваков проблем реши во градот Ровињ. И таму колекторот беше во иста состојба како нашиот и по нивната интервенција сега тој функционира многу добро“, кажа тогаш Алексиески.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

37161158_10216642329161343_414094414235828224_n.jpg


 

   

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

По седми пат "На зајдисонце" во Трпејца

otvo1q.jpgВо Трпејца, македонското Сен Тропе.синоќа со изложбата на слики од Свето Стефаноски и настапот на брачното дуо ДИС започна седмото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“.

Читај повеќе...
 
Руски виртуоз во "Света Софија"

konr1q.jpgДела од Фредерик Шопен и Сергеј Прокофјев ќе бидат на вечерашниот репертоар на концеротот што во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе го одржимладиот руски пијанист Вадим Колоденко.

Читај повеќе...
 
Кампања:"На секое дете му треба семејство"
zivka200l.jpgНа градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“ , денес се одржа отворен ден  во рамките на Националната кампања „ На секое дете му треба семејство“, проект кој заеднички го организираат Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ. На презентацијата на кампањата се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.
Читај повеќе...
 
Заменикот на охридскиот градоначалник во Јалова

jelova5r.jpgВо рамките на работната  посетата на Р. Турција, делегацијата на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Константин Георгиевски  и Илкер Мустафа од Секторот за ТЛЕР  денес беше  во градот Јалова.

 

Читај повеќе...
 
Црногорскиот министер за внатрешни во Охрид
spasoski2q.jpgМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес во 10 часот во вила „Охрид“ во Охрид ќе оствари работна средба со Мевљудин Нухоџиќ, министер за внатрешни работи на Црна Гора,
 
Делегација на Охрид во посета на Турција
poset1ee.jpgЗаменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и Илкер Мусстафа од Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид се во работна посета на Турција. Тие денес беа на работниот состанок на Управниот одбор на Светската  унија на  турски  општини во градот  Тузџе.
Читај повеќе...
 
Велешанец најден мртов во куќа во Охрид

ohrid1000.jpgНа 18.07.2018 година во 10,45 часот било пријавено дека во Охрид во куќа на улицата „Питу Гули“ бил пронајден починат А.Д.(26) од  Велес, кој живеел како потстанар. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 
Премиера на "Мизанторп" на Охридско лето

mizan2qq.jpgДрамската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со премиера на театарската претстава „Мизантроп“ од Молиер, во режија на младата црногорска режисерка Ана Вукотиќ, а во продукција на Театар Комедија од Скопје.

Читај повеќе...
 
Почнува "На зајдисонце" во Трпејца

trpe101cc.jpgВо петок – 20 јули во Трпејца ќе започне седмото издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“ 2018. Традиционално покровител на манифестацијата е Општина Охрид а годинава за прв пат дел од програмата кој опфаќа збиднувања од културата  е финансиски помогната и од Министерството за култура на РМ.  

Читај повеќе...
 
Од утре специјални пропусници за жителите на Стар град
ohrid3w.jpgСогласно Решението на Градоначалникот на Општина Охрид број 09-10170/1 од 12. 07. 2018 година за утврдување на режим на сообраќај во централното подрачје на град Охрид ЈП "Билјанини Извори" ја известува јавноста дека од утре ќе започне со издавање на специјални пропусници за граѓаните на УЗ Стар Град како и на институциите кои се лоцирани во тој дел од градот.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive