"Охридско лето" за утревечер подготви спектакал PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 11 јули 2018

mosh2q.jpgГолемата светска оперска певица Елена Мошук, една од петте најдобри сопранистки, денеска на прес-конференција во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид заедно со своите колеги, уметниците Калин Братеску и Николае Молдовеану,  го најави концертот за свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“. Сопранистката Мошук, скромна во своите побарувања околу престојот и настапот во Охрид,  не го криеше задоволството што е дел од еден голем културен бренд, фестивалот „Охридско лето“, но и што престојува во, како што рече, во прекрасен град како Охрид.

-Првпат сум во Македонија. Немав многу слушнато за фестивалот „Охридско лето“ но кога прочитав на интернет видов дека е фестивалсо огромна традиција на кој настапиле многу светски имиња. Исто така многу ми се допадна и вашата земја. Среќна сум што сум дел од програмата на „Охридско лето“, изјави оперската певица Елена Мошук која пред да пристигне во Македонија, настапила на затворањето на еден романски фестивал, но таму интерпретирала програма  со помодерни дела, за разлика од репертоарот за отварањето на „Охридско лето“.

mosh1q.jpg

-Одбравме репертоар од најпознати, најпопуларни оперски арии и се надеваме дека ќе уживате во прекрасната вечер на која ќе настапиме заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, додаде Мошук.

Романскиот тенор Калин Братеску кој исто така првпат е во Македонија, изјави дека е почестен што е поканет на толку голем и значаен фестивал, како што рече, токму во убавиот град Охрид. 

-Со Елена соработуваме долго време. Првпат настапивме со операта  „Трубадур“ . Ви ветуваме заедно со маестро Молдовеану  и оркестарот на Македонската филхармонија  еден прекрасен концерт, најави  тенорот Братеску.

Николае Молдовеану под чија диригентска палка ќе настапат оперските уметници и оркестарот на Македонската филхармонија изјави дека е голема честа што заедно со неговите колеги ќе придонесат на уметнички начин во убавината на фестивалот „Охридско лето“.

-Чест ни е што сме поканети на овој фестивал и сме среќни што ќе имаме можност да придонесеме на еден уметнички начин кон убавината на овој фестивал. Јас веќе имав можност да соработувам со Македонската филхармонија, пристигнав вчера и веќе имавме една проба. Концертот ќе го  почнеме со една увертира, а потоа продолжуваме со италијански оперски дела, и со неколку француски арии од опери. Би кажал дека ќе стане збор за еден популарен репертоар којшто е познат на сите, бидејќи вакви концерти од отворен тип не се обични културни настани, туку имаат и свое политичко значење затоа што ние уметниците сме еден вид амабасадори на културата  кои пробуваме  на своевиден начин да помогнеме во  зачувувањето на мирот, рече маестро Молдовеану.

 

 

 

 

Шефот на оркестарот на Македонската филхармонија, Горан Муратовски,  изрази задоволство, но додаде дека е и голема чест што Македонската филхармонија е традиционален гостин на фестивалот „Охридско лето“.

-Оваа година ја имаме честа да го отвориме  фестивалот. Задоволство е да се соработува  со уметници од ваков калибар, со извонредниот диригент маестро Молдовеану, со  оперската дива Мошук и тенорот Братеску.  На свечното отворање на Антички театар очекуваме голем спектакл, рече Муратовски.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“  Васо Ристов, на прес-конференцијта им изрази огромна благодарност  на големите уметници што прифатиле да бидат главни учесници на спектакуларното отворање на  најголемата културна манифестација во Македонија.

-На моја голема чест како музички селектор на свеченото отворање на годинешното 58-мо фестивалско издание на „Охридско лето“, успеавме да донесеме тројца светски уметници, етаблирани, докажани во својата професија, присутни сè повеќе и повеќе на  европските и светските оперски сцени.  Елена Мошук, една од најдобрите сопрани на денешницата, брилјантниот тенор Калин Братеску и големиот диригент, маестро Николае Молдовеану., подвлечемузичкиот селектор на „Охридско лето“ Васо Ристов.

Градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, им посака добредојде на уметниците што ќе го отворат„Охридско лето“, и најави дека општината и натаму ќе ја дава безрезервната поддршка на фестивалот како голем македонски и европски културен бренд.

-На сите уметници коишто ќе присуствуваат во Охрид им посакувам топло добредојде, да си поминат убаво во нашиот град, и да придонесат за уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“. Како Локална самоуправа отсекогаш сме го поддржувале овој фестивал, а тоа ќе продолжи и понатаму заради тоа што НУ „Охридско лето“ е најпознатиот бренд којшто го претставува и го зацртува Охрид како културна дестинација во светот, рече охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.

mosh3q.jpg

Најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија, „Охридско лето“,традиционално, ќе започне, на 12.јули, на Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21 часот. Големите оперски ѕвезди, сопранистката Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану и во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат незаборавно доживување за посетителите на Антички театар. За отворен, Фестивалот ќе го прогласи покровителот, Претседателот на државава д-р Ѓорге Иванов, а ќе се обрати и Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми. Уметничката порака годинава ќе ја пренесе познатиот македонски актер Никола Ристановски.

Во текот на четириесетте фестивалски вечери, „Охридско лето“ ќе донесе совршен спој на музиката, театрот и воопшто на уметноста. Ќе настапат звучни имиња од светот на музиката,но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти. Предвидени се и три изложби,  ликовна, изложба на фотографии и на современ накит. Фестивалот и градот Охрид ќе бидат домаќини на над 800 уметници од 27 држави од Европа и целиот свет.

Како посебни доживувања на 58-то фестивалско издание се очекуваат концертите на пијанистот Николај Лугански, челистот Александар Књазев, виолинистот Сергеј Крилов, потоа пијанистот Александар Маџар, виртуозот на усна хармоника Антонио Серано, акапела-секстетот  „Д’Квин Сикс“  од Велика Британија,  како и неколку концерти што ќе се реализираат во соработка со амбасадите во Македонија. Традиционалната Полска вечер на фестивалот ќе донесе концерт на барокниот ансамбл „Вроцлав“, во рамки на Француската вечер ќе настапат светски познатиот пијанист Мишел Бурдонкле и неговиот син Николас, а во соработка со Амбасадата на Шпанија во Скопје ќе настапи сопранистката  Еугенија Боикс и пијанистката Ана Ферер.

Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи, како и гостувања на театри од Србија, Хрватска и Словенија.

По традиција, во рамки на „Охридско лето“ ќе настапат и голем број домашни уметници од Македонската филхармонија, Македонската опера и балет и Музичката младина на Македонија.

Според директорката Вренцовска, сите сцени и простори каде што годинава ќе се одржуваат музичко-сценските настани на фестивалот се оспособени за уметниците, како  и за посетителите кои секоја година ги има во голем број, а како што најави,  од следната година е планирана  изградба на монтажно гледалиште кое ќе може да се поставува насекаде, со што ќе можат да се одржуваат настани на секое соодветно место во градот.

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството закултура на Република Македонија, а помогнат од Општина Охрид, како и од бројни спонзори.

-Во мигот кога најавуваме незаборавно фестивалско издание дозволете да изразам благодарност пред се до Министерството за култура без чија поддршка  не може да се замисли успешната реализација на фестивалот, до нашиот генерален спонзор Македонски телеком, останатите спонзори и помагатели, пријатели на фестивалот, благодарност до Локалната самоуправа, благодарност и до вас медиумите кои придонесувате  „Охридско лето“ да биде нашиот најголем бренд  по кој не препознаваат и по кој не вреднуваат и надвор од државата, истакна на денешната прес-конференција, директорката на фестивалот „Охридско лето“, Сузана Вренцовска. vrencovska1ww.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

По завршувањето на прес-конференцијата, покровителот на фестивалот, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов,  за звучните имиња од  светот на класичната музика што ќе го отворат „Охридско лето“ приреди свечен коктел во Вилата „Билјана“ .

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Што кажа во својот отчет градоначалникот на Дебарца

nogaceski1qqd.jpg-Пред една година Ви ја презентирав својата визија, своето видување на Дебрца, како привлечно место за живеење и создавање.

И од првиот ден откако ми ја дадовте довербата, се зафатив со одговорна, чесна и домаќинска работа во насока на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните и оддржлив развој на нашата општина,кажа на почетокот од својот отчет за сработеното за едан година  градоначалникот на Дебарца Зоран Ногачески и продолжи:

Читај повеќе...
 
Груевски побaрал политички азил во Унгарија!?
orban300k.jpgОсудениот експремиер Никола Груевски пред малку напиша на Фејсбук дека се наоѓа во Будимпешта и побарал политички азил од унгарските власти,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.
Читај повеќе...
 
Дримска конференција во "Инекс-Горица"
drin1w.jpgДримска Конференција ќе се одржи на 14-ти Ноември во Охрид (хотел "Инекс") со почеток во 09:30 часот.
Читај повеќе...
 
Хуманитарев концерт во "Света Софија" за Сара
humanost1ww.jpgГрадоначалникот Јован Стојаноски  го проследи концертот на  светски познатите уметници од Русија,   Артем Науменко- флејта и Александар Синчук- пијано што синоќа се одржа во катедралната црква "Света Софија" во Охрид.
Читај повеќе...
 
На Ќафасан откриени 50 килограми маихуана

kafa1ww.jpgНа 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби  со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми.

Читај повеќе...
 
"Мобилност" три децении ги брани интересите на...
mobilnost1w.jpgСо традиционална средба на инвалидизираните лица, вчера, беше одбележана 30 годишната работа на Здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца „Мобилност Охрид 1988“.
Читај повеќе...
 
Жител од Корошишта одгледувал канабис на фарма

kanabis1ee.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.К.((52) од струшкото село Корошишта.

Читај повеќе...
 
СВР Охрид:Напад со нож во кафуле,опожарено возило

noz2q.jpgНа десетти ноември оваа година, во 00.50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, лицето Ф.А. (25 ) од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика. Тогаш В.Х.(43), одговорно лице во клубот,го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака. На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, додека Ф.А. е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта.

Читај повеќе...
 
Вакцинирањето против сезонски грип продолжува и во...
vakcina1ww.jpgВакцинирањето против сезонски грип во Центар за јавно здравје Охрид и подрачните единици во Струга и Дебар е во полн ек. Во првата недела во епидемиолошките амбуланти на Центарот за јавно здравје вакцинирани се повеќе од 1500 лица.
Читај повеќе...
 
Асфалт стигна во Долно Лакочереј
top1qq.jpgСогласно годишниот план за работа на Фондот за комунален развој  сообраќај и улици , општина Охрид започна со асфалтирање на улици  и краци низ целата територија на Охрид. Денес се асфалтира уличка во с. Долно Лакочереј и крак од улицата “Прилепска“.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive