"Охридско лето" за утревечер подготви спектакал PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 11 јули 2018

mosh2q.jpgГолемата светска оперска певица Елена Мошук, една од петте најдобри сопранистки, денеска на прес-конференција во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид заедно со своите колеги, уметниците Калин Братеску и Николае Молдовеану,  го најави концертот за свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“. Сопранистката Мошук, скромна во своите побарувања околу престојот и настапот во Охрид,  не го криеше задоволството што е дел од еден голем културен бренд, фестивалот „Охридско лето“, но и што престојува во, како што рече, во прекрасен град како Охрид.

-Првпат сум во Македонија. Немав многу слушнато за фестивалот „Охридско лето“ но кога прочитав на интернет видов дека е фестивалсо огромна традиција на кој настапиле многу светски имиња. Исто така многу ми се допадна и вашата земја. Среќна сум што сум дел од програмата на „Охридско лето“, изјави оперската певица Елена Мошук која пред да пристигне во Македонија, настапила на затворањето на еден романски фестивал, но таму интерпретирала програма  со помодерни дела, за разлика од репертоарот за отварањето на „Охридско лето“.

mosh1q.jpg

-Одбравме репертоар од најпознати, најпопуларни оперски арии и се надеваме дека ќе уживате во прекрасната вечер на која ќе настапиме заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, додаде Мошук.

Романскиот тенор Калин Братеску кој исто така првпат е во Македонија, изјави дека е почестен што е поканет на толку голем и значаен фестивал, како што рече, токму во убавиот град Охрид. 

-Со Елена соработуваме долго време. Првпат настапивме со операта  „Трубадур“ . Ви ветуваме заедно со маестро Молдовеану  и оркестарот на Македонската филхармонија  еден прекрасен концерт, најави  тенорот Братеску.

Николае Молдовеану под чија диригентска палка ќе настапат оперските уметници и оркестарот на Македонската филхармонија изјави дека е голема честа што заедно со неговите колеги ќе придонесат на уметнички начин во убавината на фестивалот „Охридско лето“.

-Чест ни е што сме поканети на овој фестивал и сме среќни што ќе имаме можност да придонесеме на еден уметнички начин кон убавината на овој фестивал. Јас веќе имав можност да соработувам со Македонската филхармонија, пристигнав вчера и веќе имавме една проба. Концертот ќе го  почнеме со една увертира, а потоа продолжуваме со италијански оперски дела, и со неколку француски арии од опери. Би кажал дека ќе стане збор за еден популарен репертоар којшто е познат на сите, бидејќи вакви концерти од отворен тип не се обични културни настани, туку имаат и свое политичко значење затоа што ние уметниците сме еден вид амабасадори на културата  кои пробуваме  на своевиден начин да помогнеме во  зачувувањето на мирот, рече маестро Молдовеану.

 

 

 

 

Шефот на оркестарот на Македонската филхармонија, Горан Муратовски,  изрази задоволство, но додаде дека е и голема чест што Македонската филхармонија е традиционален гостин на фестивалот „Охридско лето“.

-Оваа година ја имаме честа да го отвориме  фестивалот. Задоволство е да се соработува  со уметници од ваков калибар, со извонредниот диригент маестро Молдовеану, со  оперската дива Мошук и тенорот Братеску.  На свечното отворање на Антички театар очекуваме голем спектакл, рече Муратовски.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“  Васо Ристов, на прес-конференцијта им изрази огромна благодарност  на големите уметници што прифатиле да бидат главни учесници на спектакуларното отворање на  најголемата културна манифестација во Македонија.

-На моја голема чест како музички селектор на свеченото отворање на годинешното 58-мо фестивалско издание на „Охридско лето“, успеавме да донесеме тројца светски уметници, етаблирани, докажани во својата професија, присутни сè повеќе и повеќе на  европските и светските оперски сцени.  Елена Мошук, една од најдобрите сопрани на денешницата, брилјантниот тенор Калин Братеску и големиот диригент, маестро Николае Молдовеану., подвлечемузичкиот селектор на „Охридско лето“ Васо Ристов.

Градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, им посака добредојде на уметниците што ќе го отворат„Охридско лето“, и најави дека општината и натаму ќе ја дава безрезервната поддршка на фестивалот како голем македонски и европски културен бренд.

-На сите уметници коишто ќе присуствуваат во Охрид им посакувам топло добредојде, да си поминат убаво во нашиот град, и да придонесат за уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“. Како Локална самоуправа отсекогаш сме го поддржувале овој фестивал, а тоа ќе продолжи и понатаму заради тоа што НУ „Охридско лето“ е најпознатиот бренд којшто го претставува и го зацртува Охрид како културна дестинација во светот, рече охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.

mosh3q.jpg

Најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија, „Охридско лето“,традиционално, ќе започне, на 12.јули, на Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21 часот. Големите оперски ѕвезди, сопранистката Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану и во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат незаборавно доживување за посетителите на Антички театар. За отворен, Фестивалот ќе го прогласи покровителот, Претседателот на државава д-р Ѓорге Иванов, а ќе се обрати и Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми. Уметничката порака годинава ќе ја пренесе познатиот македонски актер Никола Ристановски.

Во текот на четириесетте фестивалски вечери, „Охридско лето“ ќе донесе совршен спој на музиката, театрот и воопшто на уметноста. Ќе настапат звучни имиња од светот на музиката,но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти. Предвидени се и три изложби,  ликовна, изложба на фотографии и на современ накит. Фестивалот и градот Охрид ќе бидат домаќини на над 800 уметници од 27 држави од Европа и целиот свет.

Како посебни доживувања на 58-то фестивалско издание се очекуваат концертите на пијанистот Николај Лугански, челистот Александар Књазев, виолинистот Сергеј Крилов, потоа пијанистот Александар Маџар, виртуозот на усна хармоника Антонио Серано, акапела-секстетот  „Д’Квин Сикс“  од Велика Британија,  како и неколку концерти што ќе се реализираат во соработка со амбасадите во Македонија. Традиционалната Полска вечер на фестивалот ќе донесе концерт на барокниот ансамбл „Вроцлав“, во рамки на Француската вечер ќе настапат светски познатиот пијанист Мишел Бурдонкле и неговиот син Николас, а во соработка со Амбасадата на Шпанија во Скопје ќе настапи сопранистката  Еугенија Боикс и пијанистката Ана Ферер.

Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи, како и гостувања на театри од Србија, Хрватска и Словенија.

По традиција, во рамки на „Охридско лето“ ќе настапат и голем број домашни уметници од Македонската филхармонија, Македонската опера и балет и Музичката младина на Македонија.

Според директорката Вренцовска, сите сцени и простори каде што годинава ќе се одржуваат музичко-сценските настани на фестивалот се оспособени за уметниците, како  и за посетителите кои секоја година ги има во голем број, а како што најави,  од следната година е планирана  изградба на монтажно гледалиште кое ќе може да се поставува насекаде, со што ќе можат да се одржуваат настани на секое соодветно место во градот.

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството закултура на Република Македонија, а помогнат од Општина Охрид, како и од бројни спонзори.

-Во мигот кога најавуваме незаборавно фестивалско издание дозволете да изразам благодарност пред се до Министерството за култура без чија поддршка  не може да се замисли успешната реализација на фестивалот, до нашиот генерален спонзор Македонски телеком, останатите спонзори и помагатели, пријатели на фестивалот, благодарност до Локалната самоуправа, благодарност и до вас медиумите кои придонесувате  „Охридско лето“ да биде нашиот најголем бренд  по кој не препознаваат и по кој не вреднуваат и надвор од државата, истакна на денешната прес-конференција, директорката на фестивалот „Охридско лето“, Сузана Вренцовска. vrencovska1ww.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

По завршувањето на прес-конференцијата, покровителот на фестивалот, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов,  за звучните имиња од  светот на класичната музика што ќе го отворат „Охридско лето“ приреди свечен коктел во Вилата „Билјана“ .

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Прв лет на "Wizz Air" од Виена до Охрид

prvav1q.jpgАвион на "Wizz Air" од Виена попладнево слета  на Аеродромот "Св. Апостол Павле" во Охрид, одбележувајќи го отворањето на новата авиолинија и новата дестинација од македонскиот туристички центар, Охрид.

Читај повеќе...
 
Охриѓанецот Исакоски најдобар на Републичкиот

borce3w.jpgБорче Исакоски од Охрид го освои првото место на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“

Читај повеќе...
 
На патот Охрид-Струга Езерото го изгуби брегот
breg1r.jpgНа стариот пат што води од Охрид кон Струга, во должина од околу два километри, во Охридското Езеро е фрлен градежен шут, со што е покриена трската. Тампонот од отпад влегува десетина метри во езерската вода,пишува најчитаниот македонски сајт "Сакам да кажам".
Читај повеќе...
 
Општината донира веслачка спортска опрема за ВФМ
veslacka1ww.jpgГрадоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на Веслачката федерација на Македонија Здравко Голабоски, денес потпишаа договор со кој, Општина Охрид  донира веслачка спортска опрема и веслачки реквизити за потребите на веслачката федерација.
Донацијата се состои од 8 чамци, сет весла и друга помошна опрема. Чамците и реквизитите се обезбедени од Светската веслачка федерација – FISA, со посредство на Македонскиот Олимписки Комитет.
Читај повеќе...
 
Паско веќе не го бара гробот на Александар Македонски
pasko700pd.jpgПознатиот археолог Паско Кузман повеќе не го бара гробот на Александар Македонски, туку пишува обемна студија за археологија, заснована на неговото богато искуство од бројните археолошки истражувања,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.
Читај повеќе...
 
Компјутери за лица со оштетен вид и телесен хендикеп...
lica1ww.jpgОхридското Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“, во соработка со „Зегин“ аптеките, донираа два компјутери кои ќе бидат поставени во просториите на општина Охрид. Донираните компјутери се специјализирани за лица со оштетен вид и со телесен хендикеп.
Читај повеќе...
 
Промоција на проектот "Брендирање на туристички ...
brend1q.jpgСо скромна свеченост , денес пред инфо центарот, беше промовиран проектот “Брендирање на туристичките водичи на градот Охрид“.
Читај повеќе...
 
Општина:Известување на сите кои...
kod5a.jpgСе известуваат сите кандидати кои успешно ги поминаа првата и втората фаза на селекција( писмено тестирање и интервју) по јавниот повик за ангажирање на лица за формирање на тимови за подготовка на предлог проекти и нивна имплементација преку програмите на ЕУ дека третата фаза на селекција-ПРАКТИЧНА ИЗРАБОТКА НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ ќе се одржи во петок на 16/11/2018 година во 11:00 часот во малата сала за состаноци во Општина Охрид.
Читај повеќе...
 
Членки на "Бисера" во посета на старите лица во...
starib1q.jpgЖ.Ц. "Бисера" ја одбележа недела за грижа на стари лица со посета во Геријатрискиот оддел при Општа болница Охрид.Членки на "Бисера"  ги посетија старите лица и поминаа пријатно попладне во дружење.
 
Вработени во "Рамстор" даруваа крв
dariteli1q.jpgСвоето 13 годишно постоење и активна работа во Македонија, компанијата "Рамстор Македонија" го одбележа на хуман начин, како партнер на Црвен крст Охрид и Одделот за трансфузија во реализацијата на крводарителска акција.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive