Со "Белата ноќ" се отвора туристичката сезона PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 09 јули 2018
bela1wer.jpgСо годинашното издание на „ Бела ноќ“ , проект кој се подготвува повеќе од четири месеци, на 14 јули 2018 година ( сабота) , ќе се  одбележи официјалниот старт на главната туристичка сезона во Охрид. За оваа година е предвидена исклучително богата програма која е надеваме дека ќе биде достојна најава за она што не очекува во текот на летото. Ќе започне во 18:00 часот со настап на DJ Gec и уште неколку локални Дџ-и, по што во 21:00 часот ќе има поздравен говор од страна на Градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски на Градскиот плоштад, со што и официјално ќе биде отворена годинешната „Бела ноќ - 2018-та“. Потоа следува уште еден блок музика, по што околу 21:30 часот ќе започне концертот на Масимо Савиќ, кој ќе биде пренесуван директно на видео бим на главната бина на Градскиот плоштад.

Веднаш по концертот на Масомо ќе продолжи забавата на главната бина со Дџ сет на Dj Nasty DeLuxe, по што ќе следува и сетот на Dj Jane. Веднаш по него ќе се претстави ѕвездата на вечерта - германскиот суперстар Дј - DJ Tomcraft. За afterparty забавата ќе се погрижи Dj Regie Rules.

За цело време на настаните ќе имаме забава и со Баскер уметници кои ќе дадат свој печат на вечерата.

Она што ќе биде исклучително интересно е и самата поставеност на бината, која ќе биде во водите на езерото (на брод). На бината ќе има видео бим и соодветно озвучување.

Украсувањето на стариот дел од градот ќе биде соодветно и ќе се одбележи целата патека со бели траки и соодветен промо материјал од Антички театар до плоштадот каде продолжува забавата и сите патишта од стариот дел на градот ќе водат до центарот каде ќе биде главниот дел од програмата.

Основната идејата е градот да живее во еден здив, да се отворени сите објекти, за што задолжително ќе понудат и соодветни цени и програма. Како задолжителен елемент за надополнување на впечатокот да бидат и настапите на Баскер уметници, огномет и пропратни пиротехнички активности.

Она на што би сакале во оваа прилика да апелираме е на разбирање на граѓаните на Охрид, особено на оние кои живеат во стариот дел на градот. Станува збор за една вечер и би сакале да направиме вистински спектакл, каков што градот навистина заслужува. Охрид е туристички град и би сакале најискрено сите да помогнат, барем и со разбирање, градот да живее во еден здив и со насмевка и подадена рака да оставиме впечаток на добри домаќини, на град кој максимално го заслужува името - најголемиот туристички центар во државата и многу подалеку.

За да се промовира максимално и овој настан ќе спроведеме комплетна маркетинг кампања за промоција на настанот.

Ова е само најава за она што не очекува во текот на ова лето. Ако не послужи времето и се исполнат најавите, ова лето ќе се памети долго и во делот на понудата и во делот на посетеноста.

Програма за „ Бела ноќ 2018“
официјален старт на туристичката сезона во Охрид

- 14-ти јули 2018 година
(18:00 - 04:00 часот)
Главни настани со сатница:
- старт на манифестацијата 18:00 часот со настап на локални Дџ-и (Dj Gec, Dj Juksel, Dj Toni)
- официјално отворање на манифестацијата од страна на Градоначалник Јован Стојаноски - 21:00 часот
- Dj Face Hip Hop 21:00 - 21:30 часот
- концерт на Масимо Савиќ (Антички театар 21:30 до 23:00 часот). Се пренесува во живо на видео бим на бината
- Dj Nasty DeLuxe 30 минути сет
- Dj Jane 30 минути сет
- Dj Tomcraft (00:00 - 03:00)
- Dj Regie Rules (after party)

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

37161158_10216642329161343_414094414235828224_n.jpg


 

   

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive