Со "Белата ноќ" се отвора туристичката сезона PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 09 јули 2018
bela1wer.jpgСо годинашното издание на „ Бела ноќ“ , проект кој се подготвува повеќе од четири месеци, на 14 јули 2018 година ( сабота) , ќе се  одбележи официјалниот старт на главната туристичка сезона во Охрид. За оваа година е предвидена исклучително богата програма која е надеваме дека ќе биде достојна најава за она што не очекува во текот на летото. Ќе започне во 18:00 часот со настап на DJ Gec и уште неколку локални Дџ-и, по што во 21:00 часот ќе има поздравен говор од страна на Градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски на Градскиот плоштад, со што и официјално ќе биде отворена годинешната „Бела ноќ - 2018-та“. Потоа следува уште еден блок музика, по што околу 21:30 часот ќе започне концертот на Масимо Савиќ, кој ќе биде пренесуван директно на видео бим на главната бина на Градскиот плоштад.

Веднаш по концертот на Масомо ќе продолжи забавата на главната бина со Дџ сет на Dj Nasty DeLuxe, по што ќе следува и сетот на Dj Jane. Веднаш по него ќе се претстави ѕвездата на вечерта - германскиот суперстар Дј - DJ Tomcraft. За afterparty забавата ќе се погрижи Dj Regie Rules.

За цело време на настаните ќе имаме забава и со Баскер уметници кои ќе дадат свој печат на вечерата.

Она што ќе биде исклучително интересно е и самата поставеност на бината, која ќе биде во водите на езерото (на брод). На бината ќе има видео бим и соодветно озвучување.

Украсувањето на стариот дел од градот ќе биде соодветно и ќе се одбележи целата патека со бели траки и соодветен промо материјал од Антички театар до плоштадот каде продолжува забавата и сите патишта од стариот дел на градот ќе водат до центарот каде ќе биде главниот дел од програмата.

Основната идејата е градот да живее во еден здив, да се отворени сите објекти, за што задолжително ќе понудат и соодветни цени и програма. Како задолжителен елемент за надополнување на впечатокот да бидат и настапите на Баскер уметници, огномет и пропратни пиротехнички активности.

Она на што би сакале во оваа прилика да апелираме е на разбирање на граѓаните на Охрид, особено на оние кои живеат во стариот дел на градот. Станува збор за една вечер и би сакале да направиме вистински спектакл, каков што градот навистина заслужува. Охрид е туристички град и би сакале најискрено сите да помогнат, барем и со разбирање, градот да живее во еден здив и со насмевка и подадена рака да оставиме впечаток на добри домаќини, на град кој максимално го заслужува името - најголемиот туристички центар во државата и многу подалеку.

За да се промовира максимално и овој настан ќе спроведеме комплетна маркетинг кампања за промоција на настанот.

Ова е само најава за она што не очекува во текот на ова лето. Ако не послужи времето и се исполнат најавите, ова лето ќе се памети долго и во делот на понудата и во делот на посетеноста.

Програма за „ Бела ноќ 2018“
официјален старт на туристичката сезона во Охрид

- 14-ти јули 2018 година
(18:00 - 04:00 часот)
Главни настани со сатница:
- старт на манифестацијата 18:00 часот со настап на локални Дџ-и (Dj Gec, Dj Juksel, Dj Toni)
- официјално отворање на манифестацијата од страна на Градоначалник Јован Стојаноски - 21:00 часот
- Dj Face Hip Hop 21:00 - 21:30 часот
- концерт на Масимо Савиќ (Антички театар 21:30 до 23:00 часот). Се пренесува во живо на видео бим на бината
- Dj Nasty DeLuxe 30 минути сет
- Dj Jane 30 минути сет
- Dj Tomcraft (00:00 - 03:00)
- Dj Regie Rules (after party)

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

37161158_10216642329161343_414094414235828224_n.jpg


 

   

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Отворена ликовната колонија "Дебарца"

kolo1dd.jpgВо  Белчишта, општина Дебрца, синоќа свечено беше отворена интернационалната ликовната колонија “Дебрца – 2018”, една од најстарите и со најбогат фонд уметнички дела, во нашата земја.

Читај повеќе...
 
"Стаклена Менажерија" на Охридско лето

staklena1qq.jpgКомплекси, несигурност, суровост на современиот човек кој ја загубил смислата за солидарност и сочувство кон послабите. Оваа реална слика оригинално ја доловија актерите од Народниот театар од Охрид кои вчера во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ја одиграа вонвременската театарска претстава „Стаклена Менажерија“ од Тенеси Вилијамс.


 

Читај повеќе...
 
Заврши кампњата "Го сакам градот безбеден"
gosakamgradot1q.jpgСо мото дефилето „Носам кацига-легално е“, денеска општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата-Охрид, ги заврши предвидените активности поврзани со републичката кампања за поголема безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“.
Читај повеќе...
 
Кампања:"Мобилниот не е поумен од тебе"
umen1qq.jpgОпштинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рамките на националниот проект за поголема безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“, денес ги реализира кампањите „Безбедно вози-без алкохол вози“ и „Мобилниот не е поумен од тебе“.
Читај повеќе...
 
ФИНА го потврди одржувањето на Охридскиот пливачки...
maraton100.jpgFINA Официјално го потврди одрживањето на FINA Ultramarathon Swim Series #3 "Klime Savin" кој ќе се одржи во Охрид на 25-ти Август 2018.
Читај повеќе...
 
Утревечер почнува Охридската "Бела ноќ" (Видео)
bela1dd.jpgУтревечер почнува Охридската "Бела ноќ".
Читај повеќе...
 
Продолжено работното време во угостителските објекти
prodolzeno1q.jpgСоветот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука  за продолжување на  работното време на угостителските  објекти.
Читај повеќе...
 
Креативни постдипломски студии на УИНТ од Охрид
pavle500nn.jpgУИНТ, Охрид, нуди креативни постдипломски студии во областа на информатичките науки и технологии.
Читај повеќе...
 
Отворено Охридско лето-победа на уметноста
snimka1q.jpgУметноста нема да се предаде, таа е последната палуба каде што луѓето се заедно, порача синоќа актерот Никола Ристановски, во пораката од уметниците која традиционално се чита на свеченото отворање на Охридско лето во Античкиот театар.
Читај повеќе...
 
Колекторот работи со 30 насто од капацитетот
kolektor1ww.jpgДиректорот на охридска „Про Аква“ Владимир Алексиески вели дека колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро од отпадни и загадени води е во хаотична состојба и работи само со 30 отсто од вкупниот капацитет,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажакм.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive