Општинскиот
совет за безбедност во сообраќајот на патиштата-Охрид, денес ја
продолжуванационалната кампања-недела
за безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“.
Денешните активности се посветени на најмладите-децата од
детските градинки. За нив е предвиден едукативен сообраќаен час што ќе го
реализираат претставници од Советот и полициски службеник од полициската
станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид.Едукативниот сообраќаен час ќе се спроведе
низ возење со панорамскиот автобус по сообраќајниците во градот и надвор од
населеното место, при што, полицискиот службеник на најмладите ќе им одржи
типизирано интерактивно предавање за сообраќајот.
Покрај панорамското разгледување на Охрид, оваа активност
има едукативен карактер и има за цел поцелосно запознавање на најмладите со
сообраќајната инфраструктура во градот, информирање за значењето на автобусот
како најкористено превозно средство во светски рамки, потсетување за потребата
од почитување на сообраќајните правила и прописи и влијание врз свеста кај
најмладитеза подигнување на
безбедносната култура.
Тргнувањето на панорамската прошетка ќе биде во 9 часот
пред централната детска градинка „Јасна Ристеска“.
На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот
кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy
Bridge.
Видео
ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА
Иновации
Најнови технолошки чуда
На тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа
претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот,
еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја
заинтересираат светската јавност.
Софтвер
Хардверски антивирус
Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky, патентираше
хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на
вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе
заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата
антивирусна база независно од самиот систем. Извор :Ентер